Двојазичноста и федерализацијата и во овој дел од кампањата беше најчесто користената тема за негативно врамување на партијата СДСМ. 

Телевизиите Сител, Канал 5, Алфа и ТВ Нова продолжија со голем број прилози да ја обработуваат темата за ‘двојазичноста’, при што кај некои оваа тема доминираше во вестите. Сите овие телевизии темата ја врамија на сличен начин, како вовед во остварување на некакво сценарио за федерализација на земјата што го предводи опозицијата.

Кај медиумите како ТВ 24, Алсат М, Телма и ТВ 21 многу повеќе се следеа теми поврзани со организацијата и подготовката на изборите: злоупотреба на службената должност и на државните ресурси, неправилностите, финансирањето на кампањата, активностите на граѓанскиот сектор, случувањата во синдикалното организирање и во судството, работата на СЈО, како и редовната работа на институциите, најмногу судовите.

И во овој дел од предизборната кампања јавниот радиодифузен сервис беше единствениот медиум што ги покриваше активностите на сите политички партии што учествуваа на изборите, исклучиво со известување за активностите и пораките на кандидатите и не се отвори ниту една тема.

Ова е генералниот заклучок од извештајот на Мониторингот на демократијата во Македонија - МОДЕМ, кој се однесува на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот 30 ноември - 09 декември 2016.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG           ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG       ИНФОГРАФИК-1

MODEM izvestaj dekemvri MK 001

 

 

 

 

  • За МОДЕМ +

    Мониторинг на медиумски содржини и изработка на анализи во предизборниот и изборниот процес. Повеќе

  • Методологија +

    Секоја актуелно-информативна програма или ТВ емисија се кодира во поглед на нејзините квалитативни и квантитативни карактеристики. Повеќе

  • Набљудувани медиуми +

    Се мониторираат девет национални телевизии кои емитуваат програма на македонски и албански јазик. Повеќе

  • Донатори и партнери +

  • 1
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Поединечни извештаи за медиумите (30 ноември - 09 декември 2016)

mtv1

mtv2

sitel

telma

tv21mk

tv21al

alsatm al

alsatm mk

24vesti

alfa

kanal5