Реорганизација на економијата на 21-от век

Маргарета Држениек-Хануз (Margareta Drzeniek-Hanouz)

Margareta Drzeniek Hanouz 200x250Главниот предизвик со кој владите се соочени е истиот како и од претходните ери: да се подобри животот – да биде подолг, поздрав, побогат и побезбеден – за сегашните и за идните генерации. Најголемата разлика денес е дека брзите технолошки промени, заедно со новите еколошки и меѓугенерациски предизвици, директно влијае врз способноста на владите да дејствуваат.

Повеќе
457 Кликови
0 Коментари

Кариерното советување и вработеноста: преку личен развој до поголеми можности

м-р Сашка Тодоровска

Saska Todorovska 200x250Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. Други истражувања, пак, покажале дека перцепцијата на вработените за личен развој и професионален напредок не е на високо ниво.

Повеќе
3138 Кликови
1 Коментар

Приватен и семеен живот на истополовите партнери во Република Македонија

доц. д-р Елена Игновска

Elena Ignovska 200x250Доколку го следиме правното резонирање на судските одлуки на Европскиот суд за човекови права, ќе заклучиме дека и Македонија има обврска да обезбеди еднакви услови за остварување и заштита на правото на приватен и семеен живот за сите - ако форматот брак е неприфатлив во актуелниот момент, мора да постои друг формат: вонбрачна заедница, граѓанско/регистрирано партнерство итн.

Повеќе
2777 Кликови
1 Коментар

Може ли паметните градови да понудат рамноправност?

Хоми Карас (Homi Kharas) и Јаана Ремес (Jaana Remes)

Kharas RemesСпоред претстојното истражување на Глобалниот институт Мекинзи, решенијата со паметно управување можат да го подобрат здравјето, безбедноста, екологијата и други аспекти поврзани со квалитетот на животот за 10-30 отсто. Како што се увиде со истражувањето, градовите кои искусиле најмногу придобивки најчесто се најсиромашните градови.

Повеќе
669 Кликови
0 Коментари

Република Македонија има потреба од одговорност и помирување

д-р Јана Лозаноска

Jana Lozanoska 200x250Единствен излез од целосниот колапс на системот кој, наместо да се лечи, во континуитет се храни и потхранува со нефункционалност, поделеност, непотизам и корупција е да профункционира одговорноста, посебно кривичната одговорност на претходните владеачки структури и истовремено да течат паралелни процеси на помирување.

Повеќе
4504 Кликови
0 Коментари

Трампизмот и филозофијата за светски поредок

Марк С. Вајнер (Mark S. Weiner)

mark vajner 200x250Однесувањето на Трамп е резултат на негови идеи, особено на неговите имплицитни филозофски заложби во врска со светскиот поредок.

Повеќе
2809 Кликови
0 Коментари

Граѓаните не знаат како да користат бесплатна правна помош

Арлинда Мазлами Илази

arlinda 200x250И после многу години од донесувањето на Законот за бесплатна правна помош, се` уште се соочуваме со истите основни проблеми од почетокот на неговото применување. Имплементацијата не е на ниво за да може да се каже дека Законот се спроведува.

Повеќе
5846 Кликови
0 Коментари

Камбаните на референдумот

м-р Весна Попоска

Vesna Poposka 200x250Референдумот беше услов без кој не се може токму за најголемата опозициска партија, чија пратеничка група веќе нема да има изговори за неприфаќање на уставните измени кои претстојат. Впрочем, обидот на било кој политички субјект во земјата да се спротивстави на 600 илјади гласачи кои дале поддршка на референдум кој е консултативен, не би бил ништо друго освен обид за политичко самоубиство, особено во светло на отворената можност за предвремени парламентарни избори.

Повеќе
6541 Кликови
0 Коментари

Преговорите за членство во ЕУ – нов почеток или умешна надградба?

д-р Симонида Кацарска

simonida KacarskaСтратегијата за проширување од февруари 2018 година постави индикативен календар за пристапувањето на Србија и Црна Гора. Македонија во моментот се разгледува заедно со Албанија. Наша посакувана цел е да се приклучиме на првите две земји, преку искористување на најголемиот адут кој го има Македонија како земја која прва ги започна овие процеси, а тоа е релативно добрата усогласеност со законодавството на ЕУ.

Повеќе
2497 Кликови
0 Коментари

Преспанскиот договор ја распарчува дијалектната целина на македонскиот јазик

м-р Свето Тоевски

sveto toevski200x250Со Преспанскиот договор се цели да се раскине природната поврзаност на македонските дијалекти и поддијалекти во Егејска Македонија со македонската јазична матица, се дроби живиот организам на македонскиот јазик и токму затоа овој денешен добрососедски договор на извесен начин претставува своевиден „јазичен Букурешки договор“.

Повеќе
4006 Кликови
0 Коментари

Спогодбата за решавање на спорот за името како упатство за автоцензура

проф. д-р Александра Ѓуркова

Aleksandra Gjurkova 200x250Спогодбата има за цел ревидирање на историјата, на науката, на македонското културно наследство и воспоставување на целосно асиметричен „договор“ на штета на Република Македонија. Спогодбата води кон целосно редефинирање на државата, со самото тоа што предвидува и промена на Уставот и на Преамбулата, а се работи за промени коишто не ни се достапни како граѓани.

Повеќе
6810 Кликови
0 Коментари

Значењето на членството во ЕУ и НАТО за Република Македонија

вон. проф. д-р Јулија Брсакоска Базеркоска

julija b bezerkoskaРепублика Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани. За да го постигне ова потребни ѝ се сојузи и сојузници и на глобално и на регионално ниво.

Повеќе
2660 Кликови
0 Коментари

Улогата на спортистите при носењето одлука за претстојниот референдум

проф. д-р Иван Анастасовски

Ivan Anastasovski 200x250За една од најважните државни одлуки за Република Македонија т.е. референдумот за договорот со соседна Грција, за очекување е да се вжештува атмосферата и да се поларизираат состојбите до степен на вриење, особено со вклучување на разни социјални, интелектуални, но и спортски групи и поединци. Спортот и спортистите би можеле да ја одиграат својата улога како спортски идоли преку кои може да се испрати порака кон популацијата.

Повеќе
3099 Кликови
0 Коментари

Неопходноста од јавен простор и дебата и Договорот за името

д-р Јана Лозаноска

Jana Lozanoska 200x250Можни се правни и политички импликации кои Договорот за името и комплексниот член 1 може да ги повлечат и внатрешно и надворешно. Тоа не само што ќе се одрази на сегашноста, туку и на иднината, а со тоа и на минатото, и поради тоа неопходна е исцрпна научна и јавна дебата пред да се пристапи кон било какви промени за кои граѓаните не се ни запознаени.

Повеќе
3643 Кликови
0 Коментари

Причините поради кои Уставниот суд ќе го поништи илегалниот референдум за „Северна Македонија“

доц. д-р Димитар Апасиев

dimitar apasiev200x250Со распишувањето на недозволениот консултативен референдум за најважните државно-правни прашања, за кои уставотворецот јасно и изрично предвидел облигаторен и задолжителен референдум, Собранието цели кон тоа, неосновано, да им ја одземе одлучувачката позиција на граѓаните што изрично им ја гарантира Уставот!

Повеќе
32655 Кликови
0 Коментари

Договорот со Грција и уставните промени

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Причините за настанување на Договорот со Грција се од внатрешен, а не од надворешен карактер. Тоа не го гледаат опонентите на Договорот, иако е видливо дека судирот со Грција започнува уште од самиот почеток на формирањето на македонската држава - со Манифестот на АСНОМ од 1944 година. Во тој документ недвосмислено се изразува ,,неостапно сакање“ за обединување на Македонија. Доблесно е што владите на двете држави одлучиле судирот да го отстранат по 74 години негово опстојување и што односите меѓу Грците и Македонците сакаат да ги направат пријателски како во времето на ЕЛАС (Грчка народноослободителна војска) и ДАГ (Демократска армија на Грција). Таков потег можат да преземат само левичарски влади, со европска ориентација и космополитски поглед.

Повеќе
10820 Кликови
2 Коментари

Европските десничарски движења не ја заобиколуваат Македонија

Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Слоганите на Тврдокорните и на Христијанските браќа не можат да се разликуваат од десничарите кои како чума се шират низ Европа. Со извиците „Чиста Македонија“, со името Христијански браќа, отворено се декларираат рамо под рамо со нео нацистите од Полска кои бараат чиста полска нација.

Повеќе
Тагови:
3552 Кликови
1 Коментар

Позицијата на политички Берлин за Преспанскиот договор е различна од германските научни сознанија за македонското прашање

м-р Свето Тоевски

sveto toevski200x250Во поглед на Преспанскиот договор, политичкото раководство на Германија треба да се потпира на сознанијата на својата научна, културна и филозофска елита, која три векови предничи во светот со објективните истражувања за македонскиот народ, јазик, култура и идентитет.

Повеќе
5134 Кликови
0 Коментари

Есента на еден гасовод

Југослава Дуковска

Jugoslava Polenak 200x250„За жал на сите нас, Водно не е заштитено подрачје!“, креваше раменици Макрадули од говорницата на јавната дебата модерирана од неговиот сопартиец Шилегов. Епа, добар ден, заменик-министре за животна средина. Што ли беше во описот на Вашето работно место ако не заштита токму на природни подрачја кои се од посебно значење, а такво значење му било признато на Водно уште во 1970 година, кога беше завршен гигантскиот и макотрпен зафат за негово пошумување и беше прогласено за парк-шума.

Повеќе
3015 Кликови
1 Коментар

Зошто Договорот со Грција не е „капитулантски“?

проф. д-р Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Секое бојкотирање на Договорот значи застанување на страната на оние кои немаат сериозни и валидни аргументи за неговата штетност. Тоа значи застанување на страната на оние кои не сакаат да дадат одговор што ќе се случува со нашата земја ако ја пропуштиме и оваа можност за интегрирање во НАТО и во ЕУ, незвисно од тоа кој е на власт сега.

Повеќе
4695 Кликови
1 Коментар
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не