Да се руши или да се дислоцира не е единствениот избор за „Скопје 2014“

проф. д-р Минас Бакалчев

minas bakalcev 200x250Дали може да го искористиме тој кичест, наперчен, нагласен слој на „Скопје 2014“ пред да го отфрлиме? Политичкиот и архитектонскиот дискурс не секогаш се преклопувaат. Политичката стигматизација на архитектурата не треба да значи архитектонска елиминација, туку можност на друг начин да се согледаат нештата.

Од неодамна се` почесто се спомнуваат зборовите „рушење“ и „дислоцирање“ кога се работи за централното подрачје на градот Скопје. Овие зборови се почесто се наметнуваат како метод за решавање на загадочните проблеми на градот.

Зошто таква остраственост? Скопје 2014 (СК2014) е совршено во традицијата на Скопје, во традицијата на екстремите кои ги предизвикуваат циклусите на градење и разградување. Па сепак, ако тргнеме по сценариото да го срушиме и/или дислоцираме, има една дилема, каде ќе застанеме? И кој е тој што тоа ќе ни го соопшти?

Да срушиме се` од комунизмот и од турското ропство?!

Деструкцијата има темна моќ, силна привлечност. Впрочем, Скопје тоа го има доживеано низ историјата. Во различни ситуации, мојот колега Гоце Аџи Митревски ја повторуваше поговорката „дубина вуче“ (длабочината влече).

Па, да почнеме од почеток, да срушиме и дислоцираме се` од Скопје 2014. Но зошто само Скопје 2014? Треба да се свртиме околу нас. Сигурно има многу случаи кои се слични на СК2014, по згуснатоста на изградбата, по уништувањето на зеленилото, по естетиката, по корупцијата, по конфузијата, можеби во Дебар маало? Да, сите сме реагирале на некои насилнички ситуации, во кои ни го крадеа јавниот простор, ни ги крадеа тротоарите, дрвјата, градините... Но, уште поизразити случаи има во Чаир, сигурно таму може да пронајдеме проширени и надградени верзии на „неделата“ на СК2014. И понатаму можеби најочигледни се падините на Водно потопени од плимата на градежната маса и фрагментите на „кинеските зидови“ дисперзирани по градот. Но, што со транзицискиот период и беспрегледната маса на нелегални, полулегални, легални трансформации? Тоа треба да се спречи, да се исправи и засекогаш да се реши, а токму сега можеме да го направиме тоа, да се сруши и/или дислоцира.

Па сепак, периодот на едноумието како да повикува, што со целата продукција на едноумието? Се разбира, треба да се сруши и/или дислоцира!? Зарем да ги оставиме спомениците на комунизмот, зарем берлинскиот ѕид не е срушен? Зарем во Берлин знаменитиот објект, Палата на Републиката (Palast der Republik), од периодот на Источна Германија не е срушен? Ние сигурно тоа можеме да го сториме дури и поуспешно. Зарем не се сеќавате на неделата на комунизмот? Не треба да има материјална трага.

А што со ненародните режими? Периодот на окупацијата? Лесно е, треба да ги пронајдеме, обележиме и да ги срушиме и/или дислоцираме сите физички сведоци од тој период.

А од „турското ропство“, од „темниот вилает“, зарем треба да останат траги, сигурно не, траги на ропството? Згора на тоа, под сомнеж е и нивната легалност. Тогаш рушиме и/или дислоцираме?

Па оние средновековни држави и вечните дилеми кој и чиј е, имаме одговор, руши и/или дислоц`ирај! Славниот Рим? Во Македонија не беше славен, не порази и подели, а нашиот одговор за тоа е секако рушиме и/или дислоцираме, сите траги, целата археолошка стратификација. Зарем не го видовме тоа во Палмира? Да, тоа е можно и пожелно.

Македонија. И тука има сомнеж - словенство или македонство? Антиквизација? Треба да решиме еднаш засекогаш, а сега тоа е барем лесно, рушиме и/или дислоцираме, целата материјална и симболична историја на Македонија. Се` до нулта точка.

Скопје како град колаж

И тогаш што? Каде сме? Во калта каде и што и бевме? Така град не се прави ниту се согледува. Градот никогаш не е „еднонасочен“, секогаш е сложен и противречен, а архитектурата не е само критична, туку и конструктивна. Да, треба да сме инжинери, но и бриколери, да планираме нови работи, но и да правиме работи од тоа што е можно. За разлика од инжинерот, бриколерот работи со најдени/отфрлени објекти. Колин Рој (Colin Rowe) и Фред Котер (Fred Koetter) во периодот на преиспитување на догматизмот на модернатa, не` упатуваат на идејата за Град колаж (Collage City). Имено, реакцијата на големите утопии е токму градот колаж составен од фрагменти на утопии во минијатура. Таа идеја ќе ја продлабочи Рем Колхас (Rem Koolhaas) со Генеричкиот град (Generic City), „тој е површен како холивудско студио, тој може да произведе нов идентитет секое понеделничко утро“. Така засекогаш отстапи од една завршена, стокмена, испланирана утопија на урбанизмот.

Градот не е праволиниска појава, има подеми и падови, еволуција и дееволуција. Десет години се ништо во траењето на градот и не можат да се гледат сами за себе. Неговото дејствување е во вкупноста на траењето. Има трагична слика на градот, но има и комична слика, има високо интелектуална, но има и бизарна, автентична, но и претенциозна. Па сепак, тоа е вкупноста на едно искуство.

Но што е со второто сценарио, што ако ништо не рушиме и/или дислоцираме? Да, тогаш треба да се потсетиме на поуката и критиката на Ле Корбизије (Le Corbusier) до господата архитекти, во книгата „Кон правата архитектура“, со повикот: Очи кои ништо не гледаат. Ако навистина гледаме, тогаш ќе го видиме потенцијалот на реалноста. По посетата на Скопје, еден професор од Загреб искрено ми се обрати со совет дека треба да ја искористиме појавата на СК2014. Дека во низата на градските секвенци ја нагласува чудната разнородност на градот и различните периоди. За некој што се движи од плоштадот по Камениот мост до историското јадро, Старата чаршија, бездруго има интензивно искуство на простори, изрази, мерила и дека токму артифициелното ставање едно до друго, јукстапозицијата на чаршијата и СК2014 дава дополнителен драмски ефект на градот.

da se rusi ili da se dislocira skopje 2014
Скопје, замислени двобои

Неодамна на Мостот на цивилизациите сретнав еден минувач кој се обидуваше да фати одредени кадри од околината. Ми се претстави како фотограф од Загреб. Го прашав што мисли за градот. Иако благо, го искажа очигледното: Да, малку е кичесто, но е фантастичен за фотографија. Следната година би сакал да направи работилница за фотографија токму во Скопје.

Мноштво луѓе, странци и домашни, секојдневно за позадина ги имаат чудните призори од архитектурата и скулптурата од СК2014. Според говорот, некои се од Турција, Бугарија, Србија, Албанија или Косово, некои од Грција и претпоставувам од далечните предели на истокот, Кина. Но, ги има и од северните земји, а секако и од Македонија и Скопје. Млади луѓе, стари луѓе, во средно доба, во друштво, во парови или сами, љубопитно ги откриваат аглите и позадините на нивните селфија. Една млада дама од Барцелона, која е на докторски студии во Каролинска, Стокхолм, по посетата на Скопје пофално се изрази за појавното без да знае за живата дебата про ет контра.

Политичката стигматизација не мора да значи и архитектонска елиминација

СК2014 има една нуспојава. Во позадината на нејзината изразита наративност пошироката јавност за првпат покажа интерес кон архитектурата на модерната особено кон „затемниотиот град“, кон периодот на брутализмот кој долго време беше потиснат и невидлив за многумина граѓани. Првпат ги препознавме вистинските вредности на авторските дела на 1970-тите како клучен придонес на македонската архитектура.

Но, има уште нешто. Форсираната изградба кон реката сепак понепосредно ги поврза двата брега. Уличните кучиња тоа најдобро го покажуваат, одеднаш тие станаа жители на двете страни, ту се на левиот, ту на десниот брег. Ги гледаме како ги следат и дури предводат групите на туристи, од место на место, од споменик до споменик. Пред плочата која го означува местото на куќата на Мајка Тереза, пред Воинот на коњ, пред Гоце Делчев и Даме Груев, па на кејот по Мостот на цивилизациите, па пред Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум кон фонтаните и понатаму кон чаршијата, во зависност од туристите и турата. Така, се чини уличните кучиња најдобро го запознаа проектот СК2014.

И после се`, дали може да го искористиме токму тој кичест, наперчен, нагласен слој на градот пред да го отфрлиме? Сите сме свесни за вештачката природа на Eуросонг (Eurovision Song Contest) и сите добри знаеме дека многупати бил далеку од вистинските музички вредности, но секоја година повторно ги следиме новите епизоди на таа „парада на кичот и пијанството“. Дали токму Скопје може да добие култна вредност од сопствените „еурофанови“? Би требало да направиме чекор назад од преголемиот патос што го проектираме на градот, од преголемата сериозност со која му пристапуваме и недостатокот да го сфатиме како предност со која во иднина треба да се работи.

Политичкиот и архитектонскиот дискурс не секогаш се преклопуват. Политичката стигматизација на архитектурата не треба да значи архитектонска елиминација, туку можност на друг начин да се согледаат нештата.

Но, пред да се вратиме на првото сценарио треба уште еднаш да погледнеме околу себе, но не само во СК2014, туку таму каде што живееме, работиме, секојдневно се движиме, се возиме, во куќите, во зградите, во автобусите, возилата. Да погледаме во тротоарите, улиците, дали можеме да кажеме дека гледаме европски град околу себе? Дали СК2014 е вистинскиот проблем? И навистина, да ја видиме целината на градот и можноста за негова „европеизација“ пред да пристапиме кон „иконоборството“ на и она што малку го има.

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Можно ли е чудо на Европското првенство во ракомет...
ЕУ интеграциите во 2018 година - силни очекувања и...
 

Коментари 1

Анонимен - Решение за името во ООН on Сабота, 13 Јануари 2018 03:38

DRAFT UNITED NATIONS RESOLUTION

The General Assembly,

Taking into considerations that “the Former Yugoslav Republic of Macedonia”, admitted into to the United Nations membership in 1993, by the Resolution 47/225, upon recommendation of the Security Council Resolution 817 (1993), had been until present day recognized by the enormous majority of United Nations members by its Constitutional name and that negotiations with Greece over the State’s name didn’t yielded in any outcome,

Considering Articles 2 (particularly par.1,4,7) and 4(1) of the Charter of the United Nations,

Heaving in mind also the General Assembly Resolutions 113/II of 1947 and 197/III of 1948, and particularly the Advisory Opinion of the International Court of Justice delivered on 28 of May, 1948, relating to inadmissibility of preconditions for membership outside of the scope of the exhaustive conditions of Article 4(1) of United Nations Charter,

Reaffirming that every state naturally has an inherent right to a name and that determination of the state’s names represent the subject of their sovereign domestic jurisdiction,

Reaffirming also that state’s names, as a legal identity of international subjects is essential element of their juridical personality, and their statehood,

For the purpose to resolve the long term unusual and unacceptable membership status of the state member of the United Nations, issue originated from the unusual admission resolutions stipulating preconditions outside of the scope of the exhaustive conditions of Article 4(1) of the Charter of the United Nations, and for the purpose to protect the order of the United Nations and particularly the legal representation in the United Nations System,



Decides to extend the membership of the state provisionally referred as “the Former Yugoslav Republic of Macedonia” under its official constitutional name Republic of Macedonia.

DRAFT UNITED NATIONS RESOLUTION The General Assembly, Taking into considerations that “the Former Yugoslav Republic of Macedonia”, admitted into to the United Nations membership in 1993, by the Resolution 47/225, upon recommendation of the Security Council Resolution 817 (1993), had been until present day recognized by the enormous majority of United Nations members by its Constitutional name and that negotiations with Greece over the State’s name didn’t yielded in any outcome, Considering Articles 2 (particularly par.1,4,7) and 4(1) of the Charter of the United Nations, Heaving in mind also the General Assembly Resolutions 113/II of 1947 and 197/III of 1948, and particularly the Advisory Opinion of the International Court of Justice delivered on 28 of May, 1948, relating to inadmissibility of preconditions for membership outside of the scope of the exhaustive conditions of Article 4(1) of United Nations Charter, Reaffirming that every state naturally has an inherent right to a name and that determination of the state’s names represent the subject of their sovereign domestic jurisdiction, Reaffirming also that state’s names, as a legal identity of international subjects is essential element of their juridical personality, and their statehood, For the purpose to resolve the long term unusual and unacceptable membership status of the state member of the United Nations, issue originated from the unusual admission resolutions stipulating preconditions outside of the scope of the exhaustive conditions of Article 4(1) of the Charter of the United Nations, and for the purpose to protect the order of the United Nations and particularly the legal representation in the United Nations System, Decides to extend the membership of the state provisionally referred as “the Former Yugoslav Republic of Macedonia” under its official constitutional name Republic of Macedonia.
Анонимен
Четврток, 18 Јануари 2018
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: