Договорот за името, ЕУ, НАТО и руското влијание

Мартин Наунов

Naunov Martin 200x250„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што ,,цело време се меша таму кај што не му е местото“. Настојувањата на Русија да предизвика конфузија и разочараност од Западот со поттикнување на ултранационалистички и нативистички чувства веројатно ќе се зголемат како што ќе се приближуваме до референдумот за името“.

На самитот во Брисел, НАТО официјално ја покани Македонија да стане 30-тата членка на Алијансата. Но, поканата зависи од промена на името. На 17 јуни дознавме дека за македонската влада, придружувањето кон Западот го оправдува додавањето на префиксот Северна на името Македонија. Меѓутоа, преименувањето на државата ќе зависи и од нас, македонските граѓани, бидејќи е условено со референдум. Дали уставното име ни е поважно од бенефитите од членството во НАТО и ЕУ? Невозможно е со сигурност да се каже каков ќе биде исходот од референдумот. Но, ако нешто е јасно, тоа е дека задржувањето на префиксот „Северна“ зависи од нашата способност како граѓани да се заштитиме од Русија и од нејзините тактики на дезинформирање.

По ратификацијата на Договорот од Преспа од страна на македонскиот парламент, Грција вети повеќе да не го употребува своето право на вето во ЕУ и НАТО. Тоа значи дека вклучувањето на Македонија во Западниот сојуз е повторно на хоризонтот.

„Очите на Москва вперени кон нас“

Сепак, овој развој на настаните е во спротивност со тоа како Москва го замислува Балканот. Кремљ јасно укажа дека сака да ги задржи Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија „како појас од воено неутрални земји“. Откако укажа на тоа, минатата година Црна Гора стана 29-та членка на НАТО, па така, очите на Москва сега се свртени кон нас, како најсериозен кандидат да станеме 30-тата држава што ќе му се придружи на воениот сојуз.

Последните неколку години, Русија во Македонија формираше преку 30 руско-македонски културни здруженија и го зголеми својот персонал во амбасадата за 25 проценти. Дополнително, Русија финансира локални медиуми, се обидува да влијае на владини министри, и им се додворува на русофилски партии и застапници на Кремљ.

Проруските тези често навлегуваат во македонскиот информативен простор преку извори како руските новински агенции Спутник и ТАС, чии содржини редовно се преобјавуваат во дел од македонските медиуми. Ова веројатно ќе се зголеми дополнително сега откако унгарски медиумски компании поддржани од Виктор Орбан презедоа неколку десничарски веб-портали и ТВ-станици во Македонија. Овие преземања изгледаат како обид на Орбан да го зацврсти своето братство на десничарски популисти со тоа што ќе им помогне да практикуваат „тип на комуникација која го следи стилот на руската пропаганда“.

russiaИзвор: mk.wikipedia.org

Овој стил се потпира на веќе испробаната тактика на Москва за користење „регионални стереотипи, етнички тензии и неразрешени спорови“. Доволно е да се присетиме на неодамнешната политичка криза во Македонија кога, на пример, Руското министерство за надворешни работи тврдеше дека ЕУ и НАТО поддржуваат „Голема Албанија“ во регионот. Западот, инсистираше Москва, „грубо се меша“ во внатрешните работи на Македонија, присилувајќи ги македонските политички лидери да прифатат договор создаден од политичарите во Албанија. ВМРО-ДПМНЕ ја повторуваше оваа реторика, со тоа охрабрувајќи ги своите поддржувачи да влезат во парламентот и да ги испратат противничките пратеници на интензивна нега. За Русија, овие членови на парламентот беа пиони на Западот, кој всушност ја преиначуваше „волјата на граѓаните“ за да се отстрани од власт легитимната влада (водена од ВМРО-ДПМНЕ)”.

Главно, Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство—антитеза на Западот кој ,,цело време се меша таму кај што не му е местото“. Настојувањата на Русија да предизвика конфузија и разочараност од Западот со поттикнување на ултранационалистички и нативистички чувства веројатно ќе се зголемат како што ќе се приближуваме до референдумот за името.

„Лажни вести и националистички оган“

За да се спречи обидот на Црна Гора да му се придружи на НАТО, постојат докази дека руските агенти отишле дотаму да оркестрираат државен удар. Прашањето е до каде ќе оди Русија за да го спречи приемот на Македонија во НАТО, особено сега кога тоа зависи исклучиво од референдумот? Дали, на пример, ќе ја користи како што се чини дека направи со Брегзит и со претседателските избори во САД својата софистицирана машинерија на ботови и тролови за ширење дезинформации? Ќе оди ли и подалеку како што направи во Украина преку NotPetya нападот со рансомвер (вид на сајбер напад) и ќе се обиде ли да ги ослаби системите на критичната инфраструктура на Македонија?

Би можела. Според скорешни студии, македонските граѓани се неверојатно подложни на лажни вести. Дополнително, сајбер-просторот на Македонија е слаб и ранлив на сајбер напади. Досега, сепак, не постојат цврсти докази што би укажале на злонамерни сајбер-активности на Москва во Македонија. Политичкото мешање на Русија, како што е опишано погоре, силно се потпира на постандардни методи засилување на огнот на етно-национализмот на Балканот преку финансирање медиуми и поддржување русофили.

Грчките власти веќе протераа двајца руски дипломати поради наводни активности како подмитување државни функционери со цел поткопување на договорот со името. Во Македонија, еден од де-факто лидерите на протестите против промената на името е лидерот на Единствена Македонија, русофилска партија која се залага за преориентација на Македонија кон Евроазиската економска унија. Во текот на протестите во неделата по потпишувањето на договорот, видовме како овој лидер се искачи на полициско возило, веејќи го старото македонско знаме и знамето на Претседателот на Русија.

Само неколку часа порано, македонската и грчката влада го потпишаа договорот опкружени со знамињата на Македонија и на ЕУ. Времето ќе покаже чии знамиња триумфално ќе се веат на денот на референдумот.

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Децата заложници на Трамп
Прво промена на Уставот, а потоа референдум за чле...
 

Коментари 2

Анонимен - Trol on Среда, 18 Јули 2018 13:21

И што е овдека академски блог, согласно упатствата посочени десно на екранот? Таксативно се наведуваат наводни руски активности во Македонија, според еднострани и некредибилни извори, без никаква длабинска авторска анализа и гледишта. Личи на извештај подготвен од странска амбасада. Обична западна пропагандна активност, иако интенцијата на авторото е да укаже на таква од руска страна. Многу слабо во однос на претходните блогови.

И што е овдека академски блог, согласно упатствата посочени десно на екранот? Таксативно се наведуваат наводни руски активности во Македонија, според еднострани и некредибилни извори, без никаква длабинска авторска анализа и гледишта. Личи на извештај подготвен од странска амбасада. Обична западна пропагандна активност, иако интенцијата на авторото е да укаже на таква од руска страна. Многу слабо во однос на претходните блогови.
Анонимен - Посматрач on Четврток, 19 Јули 2018 18:26

Посматрач
Од наведените ангажмани на пишувачот на текстот единствено само титулирањата се звучни, се друго е „млатење (чукање) празна слама.“Како што забележува Анонимен овој текст е директно пишуван во медиумските кујни не некоја странска амбасада, а не е тешко да претпоставиме и која.Наводниот автор е само „пиун“ или „маша“ во рацете на шпиуните кои работат против интересите на Македонскиот народ и држава.Содржината и изразите во текстот се буквално преземени од пишувањата на медиумите после Преспанскиот неуставен договор финансирани од власта,УСАИД ,Сорос итд,а тое целикупниот македонски медиумски простор кои секидневно не бомардираат дека алтернатива на НАТО и ЕУ нема.Но наведува дека Русија финансира локални медиуми без да наведе кои се тие медиуми.
Меша баби и жаби споредувајќи не со Ц.Гора,па го спомнува Орбан,па Србија грубо нафрлувајќи медиумски фрази без да има појма за што зборува.
1.Наводниот државен удар во Ц.Гора демаек спремен од Русија беше трик на Ѓукановиќ да ја оцрни опозицијата како соработник на Русија.Таму и денес против НАТО се повеќе од 50% од граѓаните но изборите се чиста местенка.Ако не е така зошто не се распиша референдум за изјаснување на граѓаните туку само парламентот глсаша за влез во алијансата.
2.Можеби е вистина дека унгарски медиуми подржани од Виктор Орбан презеле неколку десничарски веб-портали и ТВ-станици во Македонија,но чисто непознавање е кога авторот тврди дека тие ќе работат во интерес на руската пропагандаУнгарија е членка на НАТО и ЕУ и овие медиуми во потполност ја следат нивната политика и пропаганда но во интерес на обнова на Австро – Унгарското односно Греманското царство.Тоа се лице и опачина на еден исти медал или газ и гаќи да ме извините на изразот.Овие медиуми немаат ништо зедничко со Русија и се борат за изнесените политички и територијални интереси.И двете пропаганди, Англосаксонската и Германофашистичката работат на промена на името и идентитетот,а со тоа и исчезнување не на државата туку уште пострашно на македонскиот народ како ентитет.
3.Во овој свет посебно во политиката се е интерес ништо не се случува од љубов.Најважно за Македонија е што во овој момент ни се поклопуваат како никогаш досега заеднчите интереси со Русија.Тие имаат интерес да престане ширењето на НАТО кон Русија,нашиот интерес е што не признаваат како Македонци,македонски народ и под името Република Македонија и што не подржуваат да го зачуваме нашето исконско и вековно име.Зарем тоа е Руска пропаганда во МКД и влијание.Зошто таков став нема САД од кои сме признаени под нашето уставно име но во позадина врши силен притисок за промена на името.
За каква пропаганда се работи кога сите видовме и чувме дека Тиранската платформа е дело на ЦИА и директно насочена против самобитноста на Македонскиот народ. Имали толку неписмени Македонци да не знаат што значи оваа платформа за воиведување двојазичност па е потребно Руска пропаганда за да ни ги отвари очите.Уште интересно е видувањето на пишувачот или оној кој му го напишал текстот дека лидерот на русофилска партија го веел знамето на Претседателот на Русија.Истовремено и смешно и жално и тажно.Тоа беше државното знаме на Руската Федерација,а не на нејзиниот претседател.

Посматрач Од наведените ангажмани на пишувачот на текстот единствено само титулирањата се звучни, се друго е „млатење (чукање) празна слама.“Како што забележува Анонимен овој текст е директно пишуван во медиумските кујни не некоја странска амбасада, а не е тешко да претпоставиме и која.Наводниот автор е само „пиун“ или „маша“ во рацете на шпиуните кои работат против интересите на Македонскиот народ и држава.Содржината и изразите во текстот се буквално преземени од пишувањата на медиумите после Преспанскиот неуставен договор финансирани од власта,УСАИД ,Сорос итд,а тое целикупниот македонски медиумски простор кои секидневно не бомардираат дека алтернатива на НАТО и ЕУ нема.Но наведува дека Русија финансира локални медиуми без да наведе кои се тие медиуми. Меша баби и жаби споредувајќи не со Ц.Гора,па го спомнува Орбан,па Србија грубо нафрлувајќи медиумски фрази без да има појма за што зборува. 1.Наводниот државен удар во Ц.Гора демаек спремен од Русија беше трик на Ѓукановиќ да ја оцрни опозицијата како соработник на Русија.Таму и денес против НАТО се повеќе од 50% од граѓаните но изборите се чиста местенка.Ако не е така зошто не се распиша референдум за изјаснување на граѓаните туку само парламентот глсаша за влез во алијансата. 2.Можеби е вистина дека унгарски медиуми подржани од Виктор Орбан презеле неколку десничарски веб-портали и ТВ-станици во Македонија,но чисто непознавање е кога авторот тврди дека тие ќе работат во интерес на руската пропагандаУнгарија е членка на НАТО и ЕУ и овие медиуми во потполност ја следат нивната политика и пропаганда но во интерес на обнова на Австро – Унгарското односно Греманското царство.Тоа се лице и опачина на еден исти медал или газ и гаќи да ме извините на изразот.Овие медиуми немаат ништо зедничко со Русија и се борат за изнесените политички и територијални интереси.И двете пропаганди, Англосаксонската и Германофашистичката работат на промена на името и идентитетот,а со тоа и исчезнување не на државата туку уште пострашно на македонскиот народ како ентитет. 3.Во овој свет посебно во политиката се е интерес ништо не се случува од љубов.Најважно за Македонија е што во овој момент ни се поклопуваат како никогаш досега заеднчите интереси со Русија.Тие имаат интерес да престане ширењето на НАТО кон Русија,нашиот интерес е што не признаваат како Македонци,македонски народ и под името Република Македонија и што не подржуваат да го зачуваме нашето исконско и вековно име.Зарем тоа е Руска пропаганда во МКД и влијание.Зошто таков став нема САД од кои сме признаени под нашето уставно име но во позадина врши силен притисок за промена на името. За каква пропаганда се работи кога сите видовме и чувме дека Тиранската платформа е дело на ЦИА и директно насочена против самобитноста на Македонскиот народ. Имали толку неписмени Македонци да не знаат што значи оваа платформа за воиведување двојазичност па е потребно Руска пропаганда за да ни ги отвари очите.Уште интересно е видувањето на пишувачот или оној кој му го напишал текстот дека лидерот на русофилска партија го веел знамето на Претседателот на Русија.Истовремено и смешно и жално и тажно.Тоа беше државното знаме на Руската Федерација,а не на нејзиниот претседател.
Анонимен
Четврток, 18 Октомври 2018
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не