fbpx
 

Дали проверката на подобност и одобрувањето на судии во Албанија ја приближува државата кон ЕУ?

МК   ALB

проф. д-р Рамадан Чипури (Ramadan Çipuri)

Ramadan Cipuri 200x250Процесот на проверка не треба да започне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата. Истражувањето на имотот и работите на владините службеници и пратениците силно ќе влијае на целото општество и она што е најважно, силно ќе го погоди менталитетот на недопирливите.

Крајот на минатиот век беше важен историски момент за Албанија и за Западниот Балкан, како и пошироко. Сите граѓани на овие земји копнееја да ги остават зад себе крвавите приказни наследени од диктаторските системи и да се свртат кон европска иднина. Од друга страна, пак, заедно со мултидимензионалниот развој што Албанија го постигна изминативе години, корупцијата на различни нивоа на државната власт е една од најголемите пречки за интеграцијата во ЕУ. Правосудниот систем е една од областите кои се најзасегнати од оваа појава.

Напредокот што го постигна Албанија во текот на овие години е непобитен, но вреди да се споменат обврските што албанската држава мора да ги исполни со цел да им обезбеди на своите граѓани стандарди на живеење слични на оние на развиените земји. Со текот на годините, Албанија ја консолидираше својата позиција во регионот, станувајќи важен актер и фактор на стабилност. Албанија е членка на НАТО од 1 април 2009 година и нејзиниот придонес за Алијансата е признаен од страна на партнерите. Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија во Луксембург беше потпишан на почетокот на јуни 2006 година. Во јуни 2014 година, Албанија официјално доби статус на земја кандидат за ЕУ. Наскоро се очекува зелено светло за започнување преговори за полноправно членство во Европската унија.

Балканските земји патат од истите проблеми

Со оглед на горенаведениот напредок, го покренуваме прашањето дали албанските граѓани се задоволни од ваквите случувања? Дали албанските власти можеа повеќе да сторат за да ги остварат желбите на своите граѓани?

Одговорот е едноставен: албанските власти не успеаја да ја извлечат земјата од пролонгираната политичка, социјална и економска транзиција. Само 34 отсто од албанските граѓани имаат доверба во својата влада.

Всушност, оваа ситуација се чини дека не се разликува од другите земји во регионот. Слично е и во Косово, Македонија, Србија, Црна Гора итн. Но, нивната ситуација не ја објаснува состојбата во Албанија, која се користи како заеднички изговор од албанските политичари за да се оправда недостатокот на напредок во споредба со соседите.

Покрај многу други тешкотии, високата стапка на корупција е еден од главните проблеми со кои се соочува земјата. Во овој поглед, според „Транспаренси интернешнал“, за минатата година, Албанија е рангирана на 91 место од вкупно 180 земји, со 38 поени. Во однос на балканскиот регион, таа е подобра само од Македонија, и ја дели истата позиција со Босна и Херцеговина. Многу извештаи за актуелната состојба покажуваат речиси исти оценки. Оваа ситуација и многу други проблеми ја поттикнаа желбата на албанските граѓани да ја напуштат својата земја и да се обидат да најдат подобра иднина во западните земји. Според една анкета направена од Советот за регионална соработка во летото 2018-та година, 43 отсто од албанското население сака да ја напушти Албанија.

Dali proverkata na podobnost i odobruvanjeto na sudii vo Albanija ja priblizuva drzavata kon EUИзвор: albanianfreepress.al

Виското ниво на корупција и процесот на проверка во правосудството

Неспорна и широко прифатена вистина меѓу албанските граѓани е дека корупцијата постои на различни нивоа на државната администрација. Присутна е во извршната, законодавната и судската власт, и во одредени сектори како што се; образованието, здравствената заштита, полицијата и сите нивоа на администрацијата. Присуството на корупција не е појава што се забележува спорадично, туку се чини дека е инсталиран систем како целина, а сите обиди да се спречи или барем да се минимизира како однапред да се осудени на неуспех.

Како задолжителен услов поставен од ЕУ за интеграција на земјата во европското семејство, албанската политика започна значаен подвиг со цел реформирање на правосудниот систем со донесување закони за проверка на подобноста и одобрение н судиите и обвинителите на сите нивоа. Оваа реформа се спроведува под т.н. „Проверка во правдата“. Проверката често е одржлив институционален механизам за демократии во транзиција, а целта е да се процени подобноста на судиите и обвинителите за јавна функција. Една од главните цели на оваа реформативна мерка е да се зајакне интегритетот и одговорноста во јавниот сектор и да се врати довербата во државните институции и во владата.

Безбедниот и сигурен систем на правда ќе даде голем придонес за развојот на земјата. Овој процес се смета како суштински за спроведување на судските реформи, бидејќи независен и непристрасен правен систем влијае на владеењето на правото и е главното оружје за борба против корупцијата на сите нивоа на администрација. Но, причините за загриженост се други. Дали процесот на проверка треба да започне со правосудниот систем?

Како што споменавме погоре, корупцијата е присутна во целиот државен систем. На врвот на овој систем стојат извршниот и законодавниот столб на власта. Иако не се зборува јавно, во земјите во транзиција добро е познато дека од овие два столба на власта се назначуваат многубројни лица не само во правосудниот систем, туку и на секое ниво на јавната администрација. По секое менување на власта, земјата претрпуваше замена на поранешната администрација со партиски војници, а некои од нив свое место наоѓаа и во нивоата на правосудниот систем. Оваа појава исто така ја стимулира зависноста на структурата на сите државни системи од главната извршна власт. Токму ова ја поттикнува идејата дека процесот на проверка не треба да започне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата. Истражувањето на имотот и работите на владините службеници и пратениците силно ќе влијае на целото општество и она што е најважно, силно ќе го погоди менталитетот на недопирливите.

Во зависност од спроведувањето на проверката на политичките и нереалистичните интереси, оваа реформа e соочena со многу предизвици и тешкотии. Законот за проверка беше усвоен на сила и беше пропратен со многу забелешки. Но, поради притисокот од ЕУ и САД, и покрај мерките и критериумите за прекршување на човековите права и основни слободи (земајќи го предвид мислењето на Венецијанската комисија), законот беше изгласан во парламентот, со образложение дека тоа е вонредна ситуација во судството и поради тоа неопходни се вонредни мерки.

Постојат забелешки дека спроведувањето на овој закон се одвива со многу бавно темпо и покрај меѓународните очекувања за побрза имплементација.

Забелешки има и од политичките партии, главно опозицијата, и од граѓанското општество, велејќи дека законот се спроведува на селективна, донекаде политичка и необјективна основа, а уставните критериуми и стандарди не се почитуваат (Албанија е единствената земја што го вклучи законот за процесот на проверка во Уставот).

Има забелешки за квалитетот и професионалните стандарди на членовите на комисиите за проверка, особено за Независната комисија за квалификации, кои генерално се сметаат за лица без никакво искуства во судството, што сериозно ги нарушува стандардите на условни казни и судења.

Овие критики и причини за загриженост ја поттикнуваат идејата дека оваа реформа на правдата тешко ќе издејствува системот да ги исполнува стандардите на ЕУ, кои што земјата има намера да ги почитува. Како последица на тоа, имаме застој во формирањето на нови институции за правда, како што се Високиот судски совет и Високиот совет на обвинителството. Понатаму, поднесени се жалби од засегнатите страни за аплицирањето на судиите и обвинителите за членство во Високиот совет за правда и Високиот совет на обвинители. Се чини дека кандидатите се наоѓале во последен момент за двете институции и она што е неприфатливо е фактот дека немало избор од повеќемина, туку имало еден кандидат за една позиција, со што не останувало избор освен да се гласа за понудениот кандидат. (За една позиција треба да има најмалку двајца кандидати).

Општиот заклучок е дека преовладува мислењето дека проверката прво треба да започне од политичарите, владините министри и пратениците како врв на пирамидата и да продолжи понатаму со сите соработници, без да се заборави правосудството како второ за проверка.

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите вo оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Vallë nëse kontrolli i përshtatshmërisë dhe mirati...
Janë të nevojshme politika të koordinuara dhe të v...
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Петок, 26 Април 2019
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не