fbpx
 

Криза на „мултилатерализмот“ и Западниот Балкан

ALB  SR

д-р Алфред Марлеку

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан. Без оглед што во последно време беа манифестирани позитивни знаци, како што е решавањето на спорот за името на Македонија, сепак не значи дека е надминат грчот во кој се наоѓа регионот.

Во едно интервју за списанието “Der Spiegel” („Дер Шпигел“) министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Масс, отворено зборува за неопходноста за создавање на „нова алијанса на мултилатералистите“. Оваа алијанса, како примарна цел, треба да ја има заштитата и унапредувањето на меѓународниот либерален поредок, чии рамки се етаблирани веднаш по завршувањето на Втората Светска војна. Нејзиното проширување, посебно по завршувањето на Студената Војна, беше историско постигнување. Но, овој поредок денес се минира од голем број држави. Одбивањето на принципите кои го одржуваат, стана константен став на државите како Кина и Русија кои инсистираат на негово ревидирање. 

Создавањето на овој поредок беше ексклузивен резултат на надворешната американска политика. Негови базични столбови станаа промовирање на демократијата, човековите права, пазарната економија, соработката и колективната безбедност на земјите со демократска ориентација. Мотивот за афирмација на овие заеднички аспирации влијаеше на основањето на голем број мултулатерални институции: НАТО, ЕУ итн. Неговата базична структура ја карактеризираше дејствувањето врз заедничките правила и меѓународните спогодби.

Интеграцијата во рамките на овој институционален чадор нудеше повеќе-кратни продобивки за земјите – членки. Така на пример, обновата на голем број на држави во Европа претставува само еден од неколкуте примери на историските можности кои ги поседува дејствувањето според зеадничките демократски и либерални принципи. Според познатото списание „The Foreign Affairs”, основата на оваа доктрина се базираше врз афирмацијата на вредноста „соработка врз основа на конкурентноста“.

Но, во моментов, она што претставува сериозна траума, според Министерот за надворешни работи на Германија, е подготвеноста на Претседателот Трамп да се повлече од одбраната на овој меѓународен мултиратерален поредок. Во оваа смисла, за Трамп „САД веќе не се водечка сила меѓу либералните демократии. Ние сме повеќе за унилатерализам. Затоа, нашиот единствен одговор е само обединета и суверена Европа со поголема одговорност за сопствената безбедност“.

Во истиот овој дух, пред извесно време, Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека помина времето кога европејците се потпираа на другите за сопствената сигурност, и затоа е дојдено времето кога „Ние европејците треба да ја земеме нашата судбина во нашите раце“. Природно, оваа политичка волја на Германија, да се гарантира безбедноста на ЕУ се условува од економските динамики на оваа држава. Нејзината развиена економија е зависна, повеќе од која било друга економија, од извозите. Затоа, ништо не предизвикува поголема главоболка за Берлин отколку потенцијалот за дестабилизација на ЕУ. Стравот е посебно зголемен после БРЕГЗИТ, затоа што Британија е четврт пазар за германските производи.

Неопходната потреба за менаџирање не само на внатрешните политички, социјални и економски тензии, поттикнати од јакнењето на популистичките движења врз премисите на домашниот национализам кој се зголемува во последните години во земјите на ЕУ, е извор на нејаснотиите и на севкупната конфузија. Оваа ситуација влијае да се зголемат обидите за комплетирање на безбедноста на европско ниво. Во функција на оваа цел на интензитет имаат добиено голем број иницијативи кои имаат за цел формирање на основите на идната европска војска. За да се потврди европската сериозност кон „британскиот евроскептицизам и американскиот атлантизам“, на 10 јануари 2019 година Министерката за одбрана на Германија, Urusula von der Leyen (Урсула вон дер Лејен), изјави дека „војската на Европа веќе започнува да ја добива својата форма“. Имено, на 22 јануари Германија и Франција го потпишаа пактот од Ахен, ветувајќи „развиток, кохерентност и кредибилитет на Европа во воената сфера“. Дали ќе успеат овие иницијативи останува да се види во иднина. Досега, како што има потенцирано престижниот британски весник The Economist „за жал европејците се подобри во продукција на бирократии отколку на баталјони“.

Извор: nrt24.ru

Амбициите на овој проект, како што вели Германскиот министер за надворешни работи, треба да бидат глобални. Државите како што се Германија, Франција и Канада, напуштени од водечката улога на САД, треба да го компензираат овој вакуум и да го координираат нивното делување во рамките на еден нов сојуз, кој ќе продолжи да ја увиди вредноста на силата на законите и заедничките правила, наспроти една меѓународна сцена која што повеќе се потпира на одлучување врз основа на сила и унилатерализам.

Неизвесна интеграција на Западен Балкан

Оваа „поделба кај западните земји“ може да има сериозни политички импликации во фрагилни геополитички зони каква што е Западниот Балкан и интегративната евроатланска иднина на шесте држави од овој регион кој ги опфаќа Македонија, Косово, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. 

Овие држави, со оглед на тоа дека имаат аспирација да бидат дел од овој поредок, се условени да остварат една серија институционални реформи, со цел да се интегрираат во мултилатералните механизми како што се НАТО и ЕУ. Природно, овие процеси се меѓусебно раздвоени, но од политичка гледна точка предизвикуваат единствен ефект. Најпрвин се случува интеграцијата во НАТО, а како подоцнежен чекор доаѓа интегрирањето во ЕУ. Базирано на оваа логика најпрвин се случи интегрирањето во НАТО на Албанија, Црна Гора, а сега и потпишувањето на протоколот за пристапување на Македонија. Досега надвор од овој процес имаат останато Србија, БиХ и Косово.

Меѓутоа, последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлански интеграции на регионот кој претставува неопходно потребен услов за долгорочна стабилност на регионот. Останува нејасно во кој правец ќе се движи регионот, без оглед на тоа дека во последно време беа манифестирани одредени позитивни знаци, како што е потегот за решавање на спорот со името на Македонија. Сепак, тоа не значи дека е надминат грчот во кој се наоѓа регионот. Една од најжешките теми и понатаму останува неопходната потреба за постигнување спогодба меѓу Косово и Србија, за да биде затворен циклусот на конфликти меѓу овие две земји. Секоја стагнација во овој правец го стопира нивниот интегративен процес.

Стратегијата на ЕУ за проширување јасно ја дефинира обврската која ја имаат Косово и Србија да постигнат обврзувачка законска спогодба, која е услов за понатамошниот процес за интеграција. Но, во меѓувреме, последните тензии меѓу обете земји во голема мерка ја отежнуваат перспективата за една таква спогодба.

Без оглед на фактот што носител на овој процес е ЕУ, станува се појасно дека на овој механизам му недостигаат целосните потенцијали за да ја поттикнува оваа агенда доколку има недоразбирања меѓу главните евроатлански држави. За жал, овие тензии на меѓународно ниво, се случуваат во време кога се интензивираат преговорите за разрешување на ова прашање. Имено, очигледно е дека доколку не постои кохерентна политичка и дипломатска поддршка на западните земји, тогаш наместо разрешување, политичките динамики можат да имаат уназадувачки карактер за регионот. Денес регионот се наоѓа меѓу реториката за интеграција од официјалните претставници на ЕУ и недостатокот на конкретни мерки за забрзување на оваа цел.

Улогата на ЕУ во светот зависи од регионот

САД веќе подолго време се зафатени со други жаришта на меѓународни кризи а ЕУ не ја демонстрира потребната волја за да го забрза одот на овие земји кон неа. Германија, преку Канцеларката Меркел, која пред извесно време го промовираше „Берлинскиот процес“ - како дипломатска и економска иницијатива за да се стимулира напредокот на земјите на Западен Балкан преку внатрешните реформи – како што се чини е запрена во оваа иницијатива. А, Франција, од друга страна, стави до знаење дека е против политиката на проширување се додека овој ентитет не си ги разреши своите внатрешни проблеми. Во меѓувреме, Британија, досега одлучувачки фактор за регионот, е втурната во политичка криза заради БРЕГЗИТ.

Трансформацијата на ЕУ во сериозен глобален фактор се докажува и од нејзината способност сериозно да ја третира интегративната перспектива на земјите од Западен Балкан. Доколку таа не успее во овој правец, тогаш реториката на главните земји на ЕУ за да се трансформираат во носители на мултилатералниот поредок ќе остане само илузија. Со тоа што ги држи во бесконечно чекање шесте земји од регионот пред нејзините врати, овој простор може да биде цел на други геополитички актери како што се Русија и Кина, кои би можеле да ја предизвикаат ЕУ директно пред нејзините порти.

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Kriza e “multilateralizmit” dhe Ballkani Perëndimo...
Çka mund të fitojë Maqedonia mëse anëtarësohet në ...
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Недела, 21 Април 2019
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не