fbpx
 

Зошто богатите градови се бунтуваат

ЏЕФРИ Д. САХС (JEFFREY D. SACHS)

sachs 1330600eБидејќи изгубиле контакт со ставот на јавноста, властите во Париз, Хонгконг и Сантијаго не успеаја да предвидат дека навидум мали измени во политиките (зголемување на данокот на гориво, предлог закон за екстрадиција и повисоки цени за метро, ​​како нови мерки воведени редоследно во наведените земји) ќе предизвика голема социјална експлозија.

Во три од побогатите градови во светот избувнаа протести и немири оваа година. Париз се соочува со бранови протести и немири од ноември 2018 година, набргу откако францускиот претседател Емануел Макрон ги зголеми даноците за гориво. Во Хонгконг немирите започнаа во март, откако премиерот Кери Лам предложи закон со кој ќе се дозволи екстрадиција на кинеско копно. И Сантијаго експлодираше во немири овој месец откако претседателот Себастијан Пињера најави зголемување на цените на метрото. Секој протест има свои посебни локални фактори, но, гледани заедно, тие раскажуваат поголема приказна за тоа што може да се случи кога чувството за неправедност се комбинира со општата перцепција за слаба социјална подвижност.

Според традиционалната метрика на БДП по глава на жител, трите града се парагони на економски успех. Приходот по глава на жител е околу 40 000 американски долари во Хонгконг, повеќе од 60 000 американски долари во Париз и околу 18 000 американски долари во Сантијаго, еден од најбогатите градови во Латинска Америка. Во Глобалниот извештај за конкурентност за 2019 година објавен од Светскиот економски форум, Хонгконг е на третото место, Франција на 15-тото и Чиле на 33-тото место (најдобар во Латинска Америка, со значителна разлика од останатите).

Сепак, иако овие земји се доста богати и конкурентни според конвенционалните стандарди, нивните населенија се незадоволни поради клучни елементи во нивните животи. Според Светскиот извештај за среќа за 2019 година, граѓаните на Хонгконг, Франција и Чиле сметаат дека нивните животи се значајно заглавени.

Секоја година, Анкетата Галуп ги прашува луѓето низ целиот свет: „Дали сте задоволни или незадоволни од вашата слобода да изберете што ќе правите со вашиот живот?“ Хонгконг глобално се рангира на деветтото место по БДП по глава на жител, но се рангира далеку пониско, на 66-то место, во однос на перцепцијата на јавноста за личната слобода за избирање животен пат. Истата разлика е очигледна во Франција (25-та по БДП по глава на жител, но 69-та по слобода за избирање) и Чиле (на 48-мо и 98-мо место, соодветно).

Иронично, Фондацијата Херитиџ и Универзитетот Сајмон Фрејзер го рангираат Хонгконг како регион со најголема економска слобода во целиот свет, но сепак жителите на Хонгконг не гледаат никаква надеж за нивната слобода да изберат што да прават со нивните животи. Во сите три земји, младите од урбаните средини кои не се родени во богато семејство очајуваат поради нивните шанси да најдат станбено решение за разумна цена и пристојна работа. Во Хонгконг, цените на недвижностите споредени со просечните плати се меѓу највисоките во светот. Чиле има најголема нееднаквост во приходите во ОЕЦД, клубот на земји со високи приходи. Во Франција, децата од елитните семејства имаат огромни предности во текот на нивниот живот.

Поради многу високите цени за домување, повеќето луѓе се оддалечуваат од централните деловни области и најчесто користат лични возила или јавен превоз до работните места. Голем дел од јавноста може да биде особено чувствителна на промените во цените на транспортот, што е прикажано со експлозијата на протести во Париз и Сантијаго.

Хонгконг, Франција и Чиле не се сами во оваа криза на социјална мобилност и поплаки поради нееднаквоста. САД доживуваат зголемени стапки на самоубиства и други знаци на социјална вознемиреност, како масовни пукања, во време на нееднаквост каква што досега немало и колапс на довербата на јавноста во владата. САД сигурно ќе доживеат повеќе социјални експлозии ако продолжат со ваквата политика и економија.

Ако сакаме да го спречиме тој исход, мора да извлечеме поуки од трите неодамнешни случаи. Сите три влади беа изненадени од протестите. Бидејќи изгубиле контакт со ставот на јавноста, не успеаја да предвидат дека навидум мали измени во политиките (предлог законот за екстрадиција во Хонгконг, зголемувањето на данокот на гориво во Франција и повисоките цени за метро во Чиле) ќе предизвика голема социјална експлозија.

Можеби најважно, а најмалку изненадувачки, е тоа што традиционалните економски мерки на добросостојба воопшто не се доволни за да се измерат вистинските чувства на јавноста. БДП по глава на жител го мери просечниот приход на економијата, но не кажува ништо за неговата распределба, за перцепцијата на луѓето за правичност или неправда, чувството на јавноста за финансиска ранливост или други услови (како што е довербата во владата) кои се значителен фактор во севкупниот квалитет на животот. И ранг-листите како Глобалниот индекс за конкурентност на Светскиот економски форум, Индексот за економска слобода на фондацијата Херитиџ и мерката за Економска слобода на светот на Универзитетот Сајмон Фрејзер, исто така, мерат многу мал дел од субјективното чувство за праведност на јавноста, слободата за правење животни избори, чесност на владата и перципираната доверба во сограѓаните.

За да се дознаат ваквите чувства, потребно е директно да се запраша јавноста за нивното задоволство од животот, чувството за лична слобода, довербата во владата и во сонародниците и за другите димензии на општествениот живот кои многу влијаат врз квалитетот на животот, а со тоа и на изгледите за општествени побуни. Тоа е пристапот на годишните истражувања на Галуп за добросостојба, за кој моите колеги и јас известуваме секоја година во Светскиот извештај за среќа.

Идејата за одржлив развој, рефлектирана во 17-те цели за одржлив развој (SDG) усвоени од владите на светот во 2015 година, е да се замени употребата на традиционални индикатори, како што се растот на БДП и приходот по глава на жител, со многу побогат пакет цели, вклучително и социјална праведност, доверба и одржливост на животната средина. На пример, Целите за одржлив развој привлекуваат посебно внимание не само на нееднаквоста во приходитте (SDG 10), туку и на пошироките мерки на добросостојба (SDG 3).

Во корист на секое општество е да го измери пулсот на својата популација и да разбере кои се изворите на социјална несреќа и недоверба. Економскиот раст без правичност и одржливост на животната средина е гаранција за неуспех, а не за благосостојба. Ќе ни треба многу подобро обезбедување јавни услуги, поголема редистрибуција на приходите од богати на сиромашни и повеќе јавни инвестиции за да се постигне одржливост на животната средина. Дури и очигледно разумните политики, како што се прекинување на субвенциите за гориво или зголемувањето на цените на метро за покривање на трошоците, ќе доведат до големи побуни доколку се спроведат во услови на ниска социјална доверба, голема нееднаквост и општо чувство на неправедност.

Џефри Д. Сакс, професор по одржлив развој и професор по здравствени политики и управување на Универзитетот Колумбија, е директор на Центарот за одржлив развој во Колумбија и на Мрежата за решенија за одржлив развој на ООН. Автор е, меѓу другото, на  The End of PovertyCommon WealthThe Age of Sustainable DevelopmentBuilding the New American Economy, и најскорешната A New Foreign Policy: Beyond American Exceptionalism.

 

Copyright: Project Syndicate, 2019.
Падот на СЈО - од трансформација до ликвидација
A është paraburgimi dënim i fshehur para vendimit ...
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Понеделник, 11 Ноември 2019
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не