fbpx
 

Години на понижување на Европа

Славомир Шираковски (Sławomir Sierakowski)

Slawomir Sierakowski 200x250Европската унија ја заврши 2019 година навидум беспомошна и резигниранa во пресрет на најголемите предизвици. Ако продолжи оваа стагнација, прашање е само дали Европа ќе стане сателит на САД или Кина.

Во 2004 година, американскиот економист Џереми Рифкин ја напиша најпродаваната книга „Европски сон“ во која тој тврди дека Европа ќе стане доминантна сила во дваесет и првиот век– кој дури и ќе зависи од нејзе. Според Рифкин, Европа сплотена под идејата „единство во различностите“ ќе биде најефикасниот одговор на глобализацијата. Европа требаше да ја претставува новата „глобална свест“ и „слободата од материјализмот“ кој ќе се „замени со емпатија“.

Сите знаеме што излезе на крај. Материјалистичките Соединети Американски Држави, кои Рифкин очекуваше да бидат засенети од Европа, успеаја подобро да ја издржат финансиската криза. Брегзит, кризите во Грција и Каталонија и имплозијата на либералната демократија во Централна и Источна Европа ги разоткрија недостатоците на единството во различностите. А, непријателската реакција на европските општества на бранот мигранти кои бегаат од војни и глад покажа дека емпатијата не го победи материјализмот.

Грешката не е во Европа, туку во Рифкин. Ниту се очекувало, ниту се очекува Европа да успее. Всушност, се чини дека како што тече времето, Европската унија е навидум беспомошна и резигнирана во пресрет на своите најважни предизвици: завршување на економската и политичката интеграција на блокот, создавање на заедничка одбранбена политика, па дури и зачувување на основните стандарди на владеење на правото.

На пример, владата на Полска одговори на одлуката на Европскиот суд за правда за нарушувања на судската независност преку донесување на закон што ќе овозможи разрешување на судиите во земјата заради критикување на прекршувања на полскиот устав. Кога лидерите на владејачката партија во Полска за „Право и правда“ (ПС) изјавија дека „оваа каста мора да се дисциплинира“, што ѝ преостанува на ЕУ да направи?

Анализата на Рифкин не се фокусира на Кина, чиешто позиционирање како глобален лидер не го зазема местото на САД, туку на Европа. Кина сега е најголем извозник во светот и како најголем производител на електрични автомобили наскоро може да ја престигне Германија и да стане глобален лидер во автомобилската индустрија. Позицијата на Америка како водечка светска воена, финансиска и иновациска сила засега не е загрозена. САД и претходни се има спротивставено на предизвици од Германија и Јапонија во секоја од овие области и веројатно ќе се спротивстави и на конкурентската закана на Кина. Но, Европа нема.

Всушност, сведоци сме на смена на улогите меѓу Европа и Кина во споредба со деветнаесеттиот век. За Кина, 1800-тите години беа „години на понижување“, период на инфилтрација од француските, британските и германските империи, како и Русија и САД. Овие странски сили наметнаа понижувачки трговски договори, ја потчинија и експлоатираа економски и ја контролираа политички.

Денес, ЕУ се повеќе наликува на Кина од XIX век: богата империја која не може да биде окупирана од други, но е доволно слаба за да биде инфилтрирана и експлоатирана. Во меѓувреме, Кина ја презема поранешната улога на Европа, со тоа што нејзините компании и инвеститори сè повеќе навлегуваат во европската економија и го прошируваат своето влијание.

Кинеските инвеститори ги купуваат најдобрите фабрики во Европа (вклучувајќи го и бисерот на германската роботика, KUKA) и нејзините најголеми пристаништа (вклучувајќи ги Дуизбург во Германија, најголемото речно пристаниште во светот и Пиреја во Грција). Потпишуваат економски договори без еднакви права и обврски и постепено ја освојуваат ЕУ, најпрво започнувајќи со најслабите алки, односно Источна и Јужна Европа – поточно Унгарија, Грција и Португалија.

Што е уште полошо, нема реакција од Брисел. Постои некој нестабилен план за градење на европски индустриски шампиони, но е блокиран од стравот од кршење на правилата за конкуренција на ЕУ. ЕУ не знае што да прави, вклучувајќи ја тука и 5G инфраструктурата што ја градат кинески компании.

Покрај тоа, молчењето на европските лидери за прашањата за човековите права е запрепастувачко. Додека граѓаните во Хонг Конг протестираат и американскиот Конгрес усвојува закони со кои се заканува со потенцијални санкции за кинеските и хонгконшките функционери за повреди врз човековите права, Европа се издигнува и „ги повикува двете страни да се воздржат од насилство“.

Европа може само да гледа од страна, затоа што нема никакви аргументи. Трансатлантското единство исчезнува и не се заменува со ништо друго. Дури и соработката меѓу европските разузнавачки служби е фарса: новинарите дознаа кој го убил поранешниот чеченски бунтовнички командант во берлинскиот парк Тиергартен во август пред да дознаат германските политичари.

Ако продолжи оваа стагнација, прашање е само дали Европа ќе стане сателит на САД или на Кина. И, на крајот на краиштата, таа одлука ќе се донесе надвор од ЕУ. Ако изолационизмот победи во Америка, Европа ќе стане кинески сателит. А, ако САД продолжи со непријателскиот однос кон Кина, Европа ќе остане зависна од Америка.

До неодамна, Европа можеше да се надева дека ќе биде партнер на САД. Но, ова сега не изгледа многу веројатно – не само заради реториката на американскиот претседател Доналд Трамп „Америка на прво место“, туку и како резултат на неуспесите на ЕУ. Наспроти растечката Кина, европската пасивност е исто толку проблематична колку и непредвидливоста на Трамп.

Славомир Шираковски, основач на движењето „Политичка критика“, е директор на Институтот за напредни студии во Варшава и виш соработник во германскиот совет за надворешни односи.

Copyright: Project Syndicate, 2020
www.project-syndicate.org

Трговските договори помеѓу ЕУ и Меркосур или колку...
Slatko-gorka BOŽIĆNA romansa
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Петок, 24 Јануари 2020

Најнови постови

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не