fbpx
 

Марк Еспосито е професор по бизнис и економија на Меѓунардодниот факлутет за бизнис „Халт“ (Hult International Business School) и на Универзитетот Харвард и е ко-основач на Nexus FrontierTech и соработник на Школата „Мохамед бин Рашид“ за владеење и лидерство во Дубаи и бизнис школата за судии во Кембриџ.

Теренс Це е професор на Европската бизнис-школа ESCР во Лондон, е ко-основач на Nexus FrontierTech.

Џошуа Енцмингер е истражувач во Nexus FrontierTech и виш соработник во Центарот за политика и конкурентност Ecole des Ponts.

Аурели Жан е експерт за научно сметање, основач на In Silico Veritas и е советник за Boston Consulting Group и надворешен соработник во Министерството за образование на Франција.

Монсињор епископот Марсело Санчез Сорондо е канцелар на Папската академија на науките и на Папската академија за општествени науки. 

Алфред Марлеку е доктор по политички науки и професор по меѓународни односи и компаративна политикана на УБТ Колеџот, Факултет за политички науки. Автор е и коавтор на голем број научни трудови од областа на политичките науки во релевантните регионални и меѓународни списанија. Покрај тоа, тој е коавтор на серија стратешки документи, главно во областа на високото образование. Неговите истражувачки интереси вклучуваат, но не се ограничени на, меѓународните односи, мали држави и процесот на градење на државата. Повеќе од 8 години работи како проект-менаџер во различни програми финансирани од Европската Комисија, УСАИД, амбасадата на САД и други, кои главно се однесуваат на реформите во високото образование во Косово, особено фокусирајќи се на: истражување и развој; одлив на мозоци; развој на наставни програми итн.

Дениз Мемеди е докторант по меѓународни односи во универзитетот Јилдиз Текник во Истанбул. Авторот е стипендист на Турската влада. Негови истражувачки интереси се надворешната политика на Турција, меѓународните организации и политичката ситуација во Македонија. Тој е активен во цивилниот сектор, соработник на различни организации на национално ниво и учесник на голем број на меѓународни обуки, семинари и конференции.

Вилдан Дрпљанин е активист за човекови права, правен советник во Хелсиншкиот комитет и член на Управниот одбор на Младински образовен форум. Дипломира на Правниот факултетпри Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и магистрира во областа на правото на интелектуална сопственост во програма за двојна диплома организирана од Универзитетот во Стразбур, каде пишува за конфликтот помеѓу спроведувањето на авторското право и слободата на изразување. Се специјализира во областа на човековите права, како дел од магистерската програма за меѓународно јавно право на Универзитетот во Утрехт, Холандија, каде магистрира со одликување cum laude.

Лазар Поп-Иванов е магистер по меѓународни односи и меѓународно право, и е ко-претседател на граѓанската организација „Член 1 - Институт за глобални политики и право“. 

Наташа Ковачевиќ е дипломиран правник и е во фаза на финализација на магистратурата за заштита на животната средина на Природно-математичкиот факултет во Црна Гора. Од 2003 година работи во НВО ”Green Home” достигнувајќи го нивото на виш експерт за одржлив развој и политика за животна средина. Автор е и коавтор на повеќе истражувачки трудови за политиката за заштита на животната средина и на природата и член е на IUCN CEL (Комисија за закони за животна средина), Националниот совет за одржлив развој на Црна Гора, како и преговарачката работна група за Поглавје 27 – Животна средина во рамките на процесот на пристапување на Црна Гора кон ЕУ. Во последните три години работи како Главен извршен директор во Green Home, одговорна за стратешкото планирање и јавната застапеност.

Јан-Вернер Милер е професор по политички науки на Универзитетот Принстон. Неговата најнова книга е What is Populism?

Сабин Селими е роден во Словенија на денот кога падна Берлинскиот ѕид. Како корисник на Претседателска Стипендија тој ги завршил своите додипломски студии по економија и меѓународни студии на американскиот универзитет во Вашингтон. Тој ги завршил своите магистерски студии по меѓународна јавна политика на Универзитетскиот колеџ во Лондон, во рамки на Шевенинг програмата за стипендирање. Има долго работно искуство во јавниот сектор а во моментов е ангажиран како консултант. Неговите области на интерес вклучуваат дигитална дипломатија, трансатлантски односи и европски прашања особено поврзани со Балканот.

Ана Томовска Мисоска докторирала на Queen’s University Belfast . На УАКС е ангажирана како Вонреден Професор за предметите Психологија, Менаџмент на човечки ресурси и Однесување на потрошувачите. Таа била вклучена во повеќе научно-истражувачки и апликативни проекти во Република Македонија и Северна Ирска и има значителен број на меѓународни публикации. Нејзиното поле на интерес е истражување на развој на етнички идентитети кај децата, поттикнување на подобри меѓуетнички односи и мултикултурализам.

Катерина Мојанчевска докторирала на Интернационалниот институт за социјални студии (ISS), дел од Еразмус Универзитетот Ротердам, Холандија. Докторската теза се фокусираше на градот Скопје и практиките на акомодација на културната разновидност во јавните простори. Катерина е дипломиран психолог и има завршено магистерски студии по комуникации. Има долгогодишно искуство со истражувања во граѓанскиот сектор во земјава. Нејзиното поле на интерес се идентитетите, мултикултурализмот, социјалниот и урбаниот развој.

Билјана Котевска главно работи на полето на Човековите права, со фокус на еднаквост, недискриминација и права на малцинствата во Македoнија и во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ). Активно учествува во истражувачки проекти и изработка на применети политики за повеќе домашни и странски институции и донатори. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат истражување на меѓународното право за Човековите права, еднаквост и недискриминација, како и правата на малцинствата.

Аранча Гонзалез е извршен директор на Меѓународниот трговски центар.

Боро Контиќ е директор на Центарот за медиуми (www.media.ba) во СараевоСо новинарство се занимава повеќе од 30 години. Тој бил новинар за Радио Сараево, уредник и водител на неколку емисии (Примус, Младинска програма, Втора програма на Радио Сараево). За време на војната (1993 – 1995 г.) известувал од Сараево за „Гласот на Америка“. Автор е на десетина радио документарци и неколку документарни филмови. Посебно е инволвиран во темите за новинска пропаганда и медиуми во земјите во транзиција.

Ма Џун, претседавач на кинескиот Комитет за еколошко финансирање и ко-претседавач на студиската група за одржливи финансии на Г-20, бил одговорно лице за економски прашања на Народната банка на Кина.

Каио Кох-Везер, претседавач на Одборот на Европската климатска фондација, бил потпретседавач на Групацијата „Дојче банк“ и германски заменик-министер за финансии.

Јована Маровиќ е извршен директор на мрежата „Политикон, независен истражувачки центар од Подгорица, член на BiEPAG и работната група за Поглавје 23 во преговорите за пристапување на Црна Гора во Европската Унија. Докторирала на Факултетот за политички науки во Белград. Областите на нејзинитеистражувачки интереси го вклучуваат владеењето на правото, демократијата, федерализмот, Балканот, политичкиот систем на ЕУ и политиката на проширување.

Раденко Удовичиќ е декан на Факултетот за општествени науки при Универзитетот Херцеговина во Мостар и директор на „Медиа План“ институтот како и „Медиумски иницијативи“ од Сараево, организација која се бави со новинарско образование, медиумски истражувања и продукција. Тој од 1992 година работи како новинар. Во последните седум години предава новинарски и комуниколошки предмети на различни универзитети.

Ана Крстиновска е програмски менаџер и истражувач во Центарот за истражување и креирање политики каде работи на проекти од областа на европска интеграција и меѓународни односи. Претходно била државен секретар за европски прашања и советник за меѓународна соработка во Владата на Република Македонија. Завршила магистерски студии по Европски политички и административни студии на Колеџот на Европа во Бриж, Белгија и специјалистички студии на Универзитетот за странски студии во Пекинг, НР Кина.

Леони Ракаџ е истражувач и проектен координатор која работи на теми како што се религиозна толеранција, добро владеење, анализа на политики и спречување / борба против насилниот екстремизам. Покрај тоа, таа помага во управувањето со бизнис процесите и ја координира комуникациската стратегија на Институтот за демократија и медијација во Тирана, Албанија (IDM). Покрај нејзината работа во IDM, Леони е аналитичар на Global Insights, меѓународна политичка платформа за ризик, каде пишува за широк спектар на безбедносни прашања поврзани со Западен Балкан. Таа има магистерирано на насоката по меѓународни односи при Кралскиот колеџ во Лондон.

Емилија Локвенец е докторанд по уставно право на Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот Св. Кирил и Методиј и магистер по правни науки од областа на граѓанското право. Магистрирала на темата „Начелните ставови и правни мислења на Врховниот суд како извор на граѓанското право“, а во моментот работи на својата докторска дисертација на тема „Улогата на Врховниот суд во обезбедувањето на единство во примената на законите од страна на судовите“.

Тимурленк Чековиќ магистрирал кризен менаџмент на Воената Академија во Скопје. Истражува за влијанијата на глобалните закани и безбедност. Заинтересиран е да пишува и споделува новости во технологијата, глобалните промени и настани. Посветува интерес во геопросторно разузнавање и технолошки напредок, како и етички вредности и историја. Има активен блог и е автор на неколку книги, академски статии и истражувања. Моментално е вработен како инспектор во Граничната полиција.

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не