Aкадемик Абдулменаф Беџети е редовен член во МАНУ и е професор на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во 2002 година, докторира на Економскиот факултет при УКИМ и има над 80 објавени научни трудови, четири книги и над 300 артикли (анализи, колумни, есеи, и сл.). Активен е во општествениот живот и учесник во професионални, научни и разни тркалезни дебати во земјата и пошироко. Беџети беше член на Владата на Република Македонија од 1996 до 1998 година, а претходно беше заменики в.д. директор на Управата за јавни приходи.

Трошењето на јавните пари како индикатор за (не)демократскиот капацитет на институциите!

академик Абдулменаф Беџети

Abdulmenaf Bedzeti 200x250Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)! По огромниот јавен притисок, ним им требаше повеќе од една недела за да делуваат. Тоа беше успешна шлаканица за мнозинството, кое, без разлика дали намерно толерира или опортунистички се однесува, покажува огромна слабост за капацитетот на управување.

Повеќе
6967 Кликови
0 Коментари

Наместо економска обнова во 100 чекори, ни треба економска слобода веднаш!

академик Абдулменаф Беџети

Abdulmenaf Bedzeti 200x250Со најавата на новата влада за ребаланс на буџетот во септември, во последното тримесечје од фискалната година нема да може да се рационализира, крати и штеди речиси ништо, освен нереализираните капитални инвестиции, односно таму каде најмалку треба. Како да го гледаме истиот „фискален“ филм од 2009-тата до денес. Ако нешто е најитно, тоа е ребаланс на буџетот. По 3-4 месеци можен е и втор ребаланс! Зарем ништо не е научено од Ставрески, кој во текот на кризата правеше по два ребаланси годишно!

Повеќе
5062 Кликови
0 Коментари
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не