Александра Филипова е студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Се интересира за областа на граѓански и човекови права, а ужива во организирање на општествено корисни настани. Граѓански активист кој три години активно е вклучен во граѓанскиот сектор. Вработена во Младински образовен форум како локален координатор на медиа-арт клубовите во Скопје.

Никој не ги штити студентите и професорите од дискриминација

Александра Филипова

aleksandra filipova200x250Студентите и професорите често препознаваат дискриминација во високото образование врз основа на пол, партиска определба, етничка припадност и јазик, но не се охрабруваат тоа да го пријават. До Комисијата за заштита и спречување на дискриминација се поднесени само две претставки од областа на високото образование. Во таа насока, потребна е посебна универзитетска комисија која ќе работи на откривање, заштита и спречување на дискриминацијата во високото образование.

Повеќе
765 Кликови
1 Коментар

Суштински наместо површни и популистички реформи за млади

Александра Филипова

И покрај проектите за младите луѓе кои Владата ги презентираше оваа година, нивната состојба во државата и стандардот не се подобрува, односно подолго време стагнира. Навидум овие мерки имаат за цел да подобрат некоја област од животот на младите, но гледајќи долгорочно ништо не се менува. Младинската невработеност варира околу 50 отсто од младите луѓе, условите во студентските домови се нечовечки, а во новиот Закон за студентски стандард не се предвидени студентски бенефиции.

Повеќе
2552 Кликови
0 Коментари

И по изборите СПУКМ има нелегитимен претседател!

Александра Филипова

aleksandra filipova200x250Уписите на Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ повторно ја актуелизираат темата за изборите за претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот (СПУКМ), кој ќе треба да носи одлуки и во име на идните студенти. Спротивно на тврдењето на Изборната комисија, интерните правни акти на СПУКМ укажуваат на нелегални и нелегитимни избори од кои не може да биде избран претседател со полн легитимитет од повеќе причини.

Повеќе
2251 Кликови
0 Коментари

Потребен ли е нов универзитет?

Александра Филипова

aleksandra filipovaПред да се одобри основање на уште еден универзитет, избрзано, по скратена постапка и без никаква анализа, треба да се разгледаат реалните потреби во високото образование, капацитетите на постоечките универзитети и законските алтернативи и решенија.

Повеќе
6931 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: