Александар Самарџиев е магистрант на Институтот за комуникациски студии. По завршувањето на студиите по новинарство во 2004 година, почнува да работи во локалната телевизија Кисс од Тетово. Во 2007 по стекнување на меѓународен сертификат за интернет новинарство во Холандија, е назначен за уредник на интернет страницата. Од 2009 година станува главен и одговорен уредник на ТВ Кисс. Од 2004 година работи и како дописник за повеќе национални медиуми. Со весникот Време соработувал од 2004 до 2007 година, а од 2008 со ТВ Сител и весникот Нова Македонија. Од јули 2013 е дописник и на Радио Слободна Европа.

Живееме прилагодени на интернетот или интернетот ни го определува животот

Александар Самарџиев

Aleksandar SamardjievПостојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано.  Некои користат интернет и додека се во тоалет.  Основачот на Фејсбук сака да донесе интернет до секој човек на планетата. Треба ли интернетот да се користи во секој аспект од животот или значително помалку?

Повеќе
1304 Кликови
0 Коментари

Еколошка неетичност

Александар Самарџиев

Aleksandar SamardjievДали луѓето кои ја уништуваат природната околина ги прифаќаат информациите дека последиците ќе ги почувствуваат и самите? Ако не се плашат дека тоа ќе влијае врз нивното здравје, се плашат ли од законските санкции, како парични казни, па дури и затвор. Како мисли и како постапува еден поединец, зависи каква личност оформил уште од детството, а за подобри морални вредности кога се оформува младата личност придонес може да даде изучувањето на етиката.

Повеќе
2213 Кликови
0 Коментари

Сите медиуми во Македонија во битка за повеќе публика на интернет

Александар Самарџиев

Aleksandar SamardjievМакедонската медиумска онлајн средина се развива со силно темпо. За пристап до интернет најчесто се користи паметниот телефон, и тоа најмногу од луѓе на возраст од 15 до 24 години. Сепак, во Македонија не постои сеопфатно следење на интернет сообраќајот на медиумите, па за да се привлече публика и да се заработи, се отвораат портали кои нудат содржини без да се придржуваат до новинарските стандарди и етика.

Повеќе
2481 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: