Доц. д-р Благица Новковска е универзитетски професор, доктор по економски науки и магистер по социјална политика. Работела 27 години во Државниот завод за статистика од кои десет години како директор на институцијата. Како експерт работела на многу проекти на меѓународните институции од кои најзначајни се: Светската Банка, Меѓународниот монетарен фонд, Меѓународната организација за труд, УНИЦЕФ, Европската комисија, како во Македонија, така и на Западен Балкан и во Африка. Коавтор е на повеќе книги и автор на многу научни трудови објавени во национални и меѓународни списанија.

Дали сакаме да се преброиме колку реално не има во Република Македонија?

доц. д-р Благица Новковска

Blagica NovkovskaНад 150.000 лица се отселиле од Република Македонија во периодот од осамостојувањето до сега, што упатува на тоа дека во државата не може да се очекува дека има повеќе од 1.900.000 лица. Голем дел од отселените лица биле на возраст од 20 до 34 години. Интересот за отселување е приближно постојан, но се менуваат дестинациите каде што се прифаќаат нашите граѓани. Сепак, за добивање реални податоци е потребен попис, а неопходните услови тој да се реализира ќе бидат создадени најрано во 2020 година.

Повеќе
2574 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: