fbpx
 

Доцент д-р Дејан Донев има докторирано на Катедрата за философија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кадешто претходно го одбранил и магистерскиот труд.

Тој предава на повеќе додипломски и последипломски студии во областа на етиката во медиумите и односите со јавноста, менаџерска и бизнис етика, политичка етика, етика и јавната админситрација, како и организациска теорија и развој, теории за глобализација и методологија на научни истражувања. Бил професор на Филозофскиот факултет во Скопје (Катедрата за философија, Катедрата за одбранбени и мировни студии и Катедрата за психологија), на Правниот факултет „Јустинијан Први“ (Студиите по новинарство, Правните студии, Институтот по новинарство, медиуми и комуникации и Институтот за политички студии) и на додипломските студии при Еуро Колеџ - Факултет за бизнис администрација во Куманово. Тој бил професор и по предметите Логика и етика и Граѓанска култура во средното образование.

Во неговата академска кариера, Донев има објавено преку 100 статии, научни прилози и апстракти од конференции во стручни списанија и зборници и учестувал во рецензии, публикации, преводи, монографии, прирачници и тематски блокови.

Тој бил активен уредник во повеќе локални и национални медиуми, ко-автор, уредник и продуцент на неколку медиумски проекти, проект менаџер на јавни манифестации и стручно лице за односи со јавност на организации. Има добиено повеќе сертификати, награди и признанија од домашни и меѓународни здруженија и членува во повеќе научни организации, друштва и одбори. Редовно посетува и е говорник на семинари, симпозиуми, конгреси и конференции.

Nëse edhe ne jemi për bioetikën, a nuk jemi për jetën!?

МК   ALB

Prof.i asoc. d-r Dejan Donev

dejan donev200x250Në rrugën drejt përparimit, njeriu, duke i shfrytëzuar arritjet shkencore dhe teknologjinë e aplikuar, në mënyrë të konsiderueshme jetën, dhe me atë edhe bazën e saj, natyrën. Dimensionet e këtij rrënimi janë aq të mëdha  që mbi njerëzimin parashtrohet pyetja për mbijetesën e tij dhe jetën e Tokës, në përgjithësi.

Повеќе
  488 Кликови
  0 Коментари

Ако сме и ние за биоетиката, нели сме за животот!?

МК   ALB

вон. проф. д-р Дејан Донев

dejan donev200x250На патот кон напредокот, човекот, користејќи ги научните достигнувања и применетата технологија, значајно го девастираше живото(т), а со тоа и неговата основа, природата. Димензиите на ова разурнување се толку големи што над човештвото се поставува прашањето за неговиот опстанок и живот на Земјата, воопшто.

Повеќе
Тагови:
  936 Кликови
  0 Коментари

Професионализмот и натаму e „мисловна именка“ за македонското новинарство

вон. проф. д-р Дејан Донев

dejan donev200x250Уште пред етиката да стане нераздвоен дел од новинарската професија, историски анализирано, главната теза за неморалните практики беше дека новинарството не е професија. Денес, истата теза и дилеми се повторно на маса: дали новинарството, без професионализам, може да биде професија?

Повеќе
  2523 Кликови
  0 Коментари
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не