Џелал Незири има магистрирано во областа на комуникациите и односите со јавноста на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој има богато новинарско искуство. Веднаш по дипломирањето на Филолошкиот факултет во 1999, се приклучи како новинар во дневниот весник на албански јазик Факти. Во 2002 станува уредник на дневниот весник Глобал, а работи и како соработник на неделникот Лоби. Во 2003 беше ангажиран како дописник на весникот Коха Диторе Македонија, додека работеше во неделникот Јава. Во 2005 беше уредник во весникот Лајм Ексклузивно, а во 2007 го основа неговиот неделник Национал. Од 2011 година е основач и претседател на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија во Скопје

Се навестува ли крајот на етничките партии?

м-р. Џелал Незири

Xhelal blogДали може да се очекува во иднина да се надминат етничките прашања и да се премине на помасовно гласање за надетничките платформи и партии? Дали конкурирањето на македонските партии во албанскиот кампус ќе придонесе и за промена на стратегиите на албанските партии? Изборните резултати во Арачиново, Дебар, Студеничани и останатите општини во кои доминираат етнички Албанци отворија дополнителни предизвици за политичките партии за коалиционирање или соединување околу идеолошките концепти, оставајќи ги настрана етничките поделби.

Повеќе
3487 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: