Филип Нацоски дипломирал италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и ја завршил едногодишната школа по новинарство во МИМ. Уредник е на Офсајд, спортската рубрика на порталот Офф.нет.мк, а претходно бил уредник и на спортскиот месечен магазин „Еспорт“ и новинар во информативните редакции на тв А2 и тв Канал 5, како и во емисијата за истражувачко новинарство „КОД“.

Парите не се секогаш гаранција за врвни успеси во фудбалот

Филип Нацоски

filip nacoskiКога поранешниот тренер на ФК Работнички, Игор Ангеловски летото 2015 година пред турската спортска јавност изјави дека неговиот клуб располага со 350.000 евра, новинарите го прашаа дали е тоа месечен или неделен буџет. Тој одговори дека тоа се пари со кои клубот располага на годишно ниво. Токму пред тој негов состав капитулираше турскиот гигант Трабзон со буџет од 105 милиони евра. Дека парите не се секогаш клучни за конечниот исход на еден фудбалски натпревар, освен Работнички, докажа и австралискиот клуб Бризбејн пред кој се поклони најплатениот фудбалер во историјата, Карлос Тевез, како и Атлетико Мадрид кој се смета за клуб кој знае најпаметно да троши.

Повеќе
943 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: