Иво Босилков магистрирал во областа на политичката комуникација на Универзитетот во Амстердам, како дел од програмата Еразмус мундус за новинарство, медиуми и глобализација. Тој е дипломиран комуниколог на Универзитетот на Југоисточна Европа. Работел како новинар во информативната редакција на телевизија Канал 5 и бил уредник на спортската редакција. Теми на негов интерес се евроинтеграциите, јавното мислење, меѓународните односи, и секако, спортот.

Левица е популистичка партија, и тоа е добро

м-р Иво Босилков

ivo bosilkov2Левица има цврста, идеолошки мотивирана позиција во врска со името и во услови на сеприсутност на прашањето во јавната сфера деновиве, сосема е легитимно да се обиде да ја наметне во јавниот дискурс.

Повеќе
8314 Кликови
0 Коментари

Македонија на крстопатот меѓу граѓанската и етнокултурна Европа

м-р Иво Босилков

ivo bosilkov2Иако некои научни студии тврдат дека националниот и европскиот идентитет се компатибилни, други пак покажуваат дека на Европската Унија се гледа како на закана за националниот идентитет. Во овој период, Македонија е исправена пред уцена во која треба да бира меѓу европската припадност и сопствената самобитност.

Повеќе
5354 Кликови
0 Коментари

Надминување на сопствената авторитарност за имунитет од популистичкиот вирус

м-р Иво Босилков

ivo bosilkov2Две одделни пост-изборни анализи на реномираниот Дојче Веле ја лоцираат (барем делумно) причината за колапсот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во она што во политичката литература се нарекува „bandwagon effect“ - феноменот на сончоглед. Тенденцијата да се препознае „на која страна дува ветерот“ и да се облече победничкиот дрес во пет до дванаесет е традиционална одлика на македонскиот електорат, и бездруго беше незаобиколен фактор во убедливиот триумф на социјалдемократите на локалните избори.

Повеќе
5163 Кликови
0 Коментари

Популистичката дискредитација на Катица Јанева

м-р Иво Босилков

ivo bosilkov2Катица Јанева не треба да се однесува како популист за да го оствари она за што е доведена - враќање на владеењето на правото и декриминализација на институциите. ВМРО-ДПМНЕ сака да ја претстави Катица како политички лидер за да се повика на етаблираната популистичка шема за дискредитација, но таа не е тоа. Катица Јанева не е избрана на избори и нема потреба од симпатиите на јавноста. Специјалното обвинителство не одговара пред народот, туку пред законот. А таму, за разлика од процесот на формирање на јавно мислење, телевизиските спектакли не се никаков фактор.

Повеќе
7930 Кликови
0 Коментари

Патот од груевизмот до консолидирана демократија го открива теоријата на рационален избор

м-р Иво Босилков

ivo bosilkovНикола Груевски може да биде критикуван за многу работи. Меѓутоа за една работа, де факто шефот на македонската држава не може да биде критикуван, а тоа е неговата рационалност. Никола Груевски е исклучително рационален политички актер. Ако не би бил, немаше да фигурира повеќе од една деценија како најмоќен човек во Македонија.

 

Повеќе
6296 Кликови
6 Коментари

Кога стравот е подобар од гневот: како медиумите ги претвораат мигрантите во опасни терористи

м-р Иво Босилков

ivo bosilkovВо последните месеци мигрантската криза најпрвин го разниша европското единство и ги доведе во прашање вредностите на толеранцијата, мултикултурноста и солидарноста како основа на европскиот проект, а по крвавите напади на Исламската држава во Париз, преку ноќ ги претвори мигрантите во потенцијални терористи во очите на јавното мислење. Безбедносниот аспект настрана, кризата е тест за политичката зрелост и демократскиот капацитет на европските, но и на македонските граѓани, кои за да бидат дел од решението, ќе мора да научат правилно да ги канализираат своите емоции.

Повеќе
3941 Кликови
0 Коментари
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не