Ирена Цуцулоска е докторант на студиите по Право на Европска Унија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Магистрирала на насоката по Меѓународно право и меѓународни односи и дипломирала како првенец на генерација на Правниот факултет. Вработена е во Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права при Министерството за правда. Долгогодишен член е на Институтот за човекови права, каде што и работела како проектен координатор и правен истражувач. Целокупното нејзино искуство и фокусот на интерес е насочен кон човекови права, правото на ЕУ и право на Европската конвенција за човекови права. Има искуство со голем број проекти, истражувања и анализи и е автор, ко-автор и уредник на неколку публикации.

Застој во пристапувањето на ЕУ кон Европската конвенција за човекови права: Што е следно?

м-р Ирена Цуцулоска

Irena Cuculovska 200x250Граѓаните и судските власти во Европската Унија се соочуваат со различни правно-обврзувачки текстови и постои голема опасност од создавање различни пристапи кон заштитата на нивните фундаментални права. Отсуствува и можноста граѓаните на Унијата да поднесат тужба во случај кога некоја ЕУ-мерка ги повредува нивните права. Овие недостатоци ќе бидат отстранети со пристапувањето на ЕУ кон Европската конвенција за човекови права, но се чини дека не е толку лесно за Унијата да дозволи друго тело да ја има супремацијата во преиспитување на нејзините акти и одлуки.

Повеќе
2373 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: