Исмаил Камбери има магистрирано казнено право на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговата област на интерес се основните човекови права со посебен акцент на  правата на Ромите и се стреми да ги застапува нивните правни интереси. Тој има искуство во меѓународни организации како ОБСЕ/ОДИХР и во  различни ромски организации. Во досегашното работно искуство, Исмаил  учествувал на голем број на обуки, семинари и конференции. Моментално работи како помлад истражувач во Институтот за европска политика (ЕПИ) од Скопје на проект кој го истражува проблемот на ограничување на правото на движење на Ромите во Македонија.

Слобода за движење, освен ако сте Роми

м-р Исмаил Камбери

ismailБројката на вратени Роми од македонските гранични премини изнесува скоро половина од вкупното ромско население во Македонија. Македонските власти мора да престанат да го ограничуваат правото на движење на секој граѓанин без разлика каква боја на кожа има или на која националност ѝ припаѓа. Досега има девет правосилни судски одлуки со кои се утврдува дека постои дискриминација, што е добра вест за сите оние кои поминале низ ваквото искуство.

Повеќе
13104 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: