Кирил Арсовски Пржо е биолог-еколог. Се занимава со истражувања на националниот биодиверзитет и урбаната екологија. Поранешен претседател на Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), член на Македонското еколошко друштво (МЕД) и стипендист на Бугарската фондација за биодиверзитет. Граѓански активист, пишува анализи и држи предавања од областа на заштита на животната средина.

Пет еколошки приоритети за новиот владин состав

Кирил Пржо

Przo200x250Доаѓањето на новата владина гарнитура треба да донесе промени во областа на заштитата на животната средина. Креирање национална стратегија за загадување на воздухот, заштита на урбаното зеленило, унапредување на мрежата на заштитените подрачја, прогласување на Шар Планина за национален парк и заштита на балканскиот рис треба да се првите приоритети на кои треба да се работи.

Повеќе
3593 Кликови
0 Коментари

Градски паркови, а не градски градилишта

Кирил Пржо

Przo200x250Градскиот парк во Скопје како и сите останати урбани паркови во државата мора да ја задржат својата основна функција и причина поради кои се посетуваат, а тоа е простор за мир, релаксација и рекреација. Целиот концепт на нов проширен Луна парк во скопскиот градски парк, целосно би го променил не само изгледот, туку и можностите што паркот ги нуди и ќе претставува дополнителен притисок на последното парче големо урбано зеленило во Скопје.

Повеќе
8836 Кликови
2 Коментари

Уште колку животи му остануваат на балканскиот рис?

Кирил Пржо

Przo200x250Територијата и популацијата на балканскиот рис во Македонија се намалуваат, иако тој е под целосна законска заштита, а единствената област за негова репродукција е Маврово. Најголемата опасност за рисот е уништувањето на неговите живеалишта со дозволување да се лози и да градат ски-центри и хидро-енергетски инсталации во националните паркови. Во Македонија постои национален акционен план за заштита на балканскиот рис, но тој не е усвоен од ресорните министерства. Единствено неколку граѓански организации ја спроведуваат програмата за негова заштита.

Повеќе
4279 Кликови
0 Коментари

Рекреацијата во природа бара лична одговорност

Кирил Пржо

kiril przoВо Македонија постои сериозен системски проблем за контрола на движење во природата, па со тоа најголемата одговорност за безбедноста на околината паѓа на совеста на рекреативците и посетителите. Посетата е делумно регулирана во националните паркови, а за сите останати подрачја не постои една општа служба што би се грижела за состојбата и управувањето директно на терен.

Повеќе
7755 Кликови
0 Коментари

(Не)Заштитените подрачја во Македонија

Кирил Пржо

kiril przoЛошото управување со заштитените подрачја може негативно да се одрази врз економијата, бидејќи се зголемува можноста за природни катастрофи, а со тоа и можноста за отстапување големи финансиски средства во име на отштета, репарација и осигурување. И покрај тоа, примерите за системско уништување на заштитените подрачја се се` почести.

Повеќе
3647 Кликови
0 Коментари

Молкот на институциите е поопасен од страшните инсекти

Кирил Пржо

kiril arsovskiПо правило, речиси секоја пролет во изминатите години, во Македонија е обележана нова чудна „природна“ појава - епидемија на вирус, појава на тропски инсекти, или пак наводни инвазивни, опасни или отровни видови растенија или животни. Исто така, како по правило, во тој бурен и „опасен“ период, во јавноста недостасува целосно информирање од надлежните државни институции за настанатата „опасност“. Ваквата апсолутна анемичност на одговорните институции ја остава јавноста да се прашува дали е безбедна, дали здравјето на граѓаните, состојбата на земјоделските насади и имотите на луѓето се во опасност, или пак, вестите што граѓаните ги добиваат преку медиумите се направени користејќи го методот „расипан телефон“.

Повеќе
4894 Кликови
1 Коментар

Скопје ќе биде загадено се` додека не го врати урбаното зеленило

Кирил Пржо

kiril arsovskiВо населбите кадешто има паркови или парк-шуми загаденоста на воздухот е за два до три пати помала од другите делови на градот. Зелените растенија служат како сигурен простран филтер, кој квалитативно го чисти воздухот од гасовити и аеросолни примеси. Затоа, бесмислено е да се пристапува кон донесување мерки за намалување на загаденоста, ако паралелно со тоа, наместо зголемување на зелените градски површини, тие се намалуваат, се оштетуваат и се деградираат. Бетонска стерилна „џунгла“ e застарен приказ за една модерна урбана средина.

Повеќе
5290 Кликови
0 Коментари

Никој во Македонија не знае точно колку е загаден воздухот

Кирил Пржо

kiril arsovskiИнформациите за загадувањето на воздухот во Македонија, нас, граѓаните, не доведуваат во состојба како кога имаш камче во чевелот што ти пречи, но не знаеш колкаво е, од каде е, колку време ти е во чевелот и како ќе влијае врз твоето здравје. Никој во Македонија не знае точно колку е загаден воздухот бидејќи податоците кои се достапни во државава се непрецизни и не може да ги сметаме како вистинити.

Повеќе
3853 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: