Лепосава Огњаноска
Надежите за демократска иднина на Македонија во моментов се сконцентрирани во политичкиот процес за спроведување на Договорот од Пржино. За Договорот да го оствари својот потенцијал неопходна е транспарентност во процесот. Доколку граѓаните не се информирани за текот на преговорите и начинот на носење одлуки, изостанува секаква можност за нивно влијание. А недемократски процес не може да доведе до (повторно) воспоставување на демократијата. Потребата за транспарентност е дотолку поголема со оглед на фактот дека токму вонинституционалното одлучување создаде „заробена држава“.