Мирјана Најчевска е доктор по правни науки и редовен професор и научен советник во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ. Клучните квалификации се од областа на човековите права (дискриминација, права на малцински и маргинализирани групи, слобода на мислата и изразувањето, владеење на правото и правна држава), меѓуетнички односи, децентрализација и локална самоуправа. Посветена е на промоција на концептот на човековите права и слободи и механизмите за нивна заштита и практикување. Вклучена е во работата на повеќе невладини организации и неформални граѓански здружувања (поранешен претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и сегашен претседател на Центарот за човекови права и разрешување конфликти). На меѓународен план била дел од работата на неколку професионални и експертски тела во рамките на ООН, ЕУ и Советот на Европа.

Нееднаквоста ја убива демократијата, а родовата нееднаквост посебно

проф. д-р Мирјана Најчевска 

najcevskaРодовата нееднаквост не се сфаќа сериозно во Македонија. Тоа што законите немаат дискриминирачки норми се перцепира како доказ дека не постои дискриминација и дека е постигната полна еднаквост. Ова е посебно видливо за време на избори, независно дали станува збор за избори за Собранието на државата, претседателот на државата, локалните избори или пак именувањето на функционери на високи раководни места после промената на власта.

Повеќе
2726 Кликови
1 Коментар
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: