Марјан Николов има докторирано на Економскиот факултет во Љубљана, Словенија, а магистрирано меѓународна економија и финансии на Економскиот факултет во Рејкјавик, Исланд. Тој е претседател на Центарот за економски анализи и независен консултант. Активно работи во повеќе економсми области, како макроекономско моделирање, економетрија и статистика, фискална децентрализација и јавно-приватно партнерство. Работел на градење на капацитетите на јавната администрација и на локалната власт во Република Македонија преку разгледување и реинженеринг на даночните постапки, нализа на фискалните капацитети, подготовка на стратегии и физибилити студии итн. Николов работел како предавач на неколку факултети во Македонија, автор е на повеќе публикации и бил учесник на голем број конференции, семинари и обуки.

Економскиот раст и развој во стапицата на медиокритетската средина

доц. д-р Марјан Николов

bloger marjan bbЗагрижува што и новата Влада продолжува со програма за економски раст која е палијативна, ги следи стратешките трендови на државно субвенциониран раст од парадигмата на претходната Влада и не ги адресира вистинските проблеми за креирање на амбиент за ефикасна пазарна економија.

Повеќе
2214 Кликови
1 Коментар

Потреба за ефикасни јавни финансии: Осврт на нацрт Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021

доц. д-р Марјан Николов

bloger marjan bbПрограмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи. Затоа е потребен критички осврт за ризиците и проблемите со кои се соочувале јавните финансии во минатото и како тие ќе се управуваат во иднина, за предложените активности во Програмата да бидат реално остварливи. Во спротивно, може да се донесе Среднорочна буџетска рамка која нема да ја исполнува целта или да се формира Фискален совет кој бргу ќе ја изгуби суштината на своето постоење.

Повеќе
1220 Кликови
0 Коментари

Предизвици за Владата од рецидивите на заробената држава

доц. д-р Марјан Николов

bloger marjan bbВладата треба да креира амбиент чиј фундамент не почива само на оправдување или критизирање на појавното преку креирање на навивачка атмосфера, туку да креира амбиент кадешто граѓаните, фелата и цивилниот сектор слободно може да даваат општествена осуда преку критики во слободни медиуми, а не да се блендираат во амбиентот и калкулантски да очекуваат „столче во Влада“.

Повеќе
1855 Кликови
0 Коментари

Oд транспарентност и отчетност до контрола на суптилната корупција – од овде до вечноста

д-р Марјан Николов

bloger marjan bbПодолго време се пропагира од партиите на власт дека е важно „народот“ да имал работа и дека она за што се залага граѓанството како што се фискалната транспарентност и отчетност и фискалната дисциплина се само непотребни категории кои ништо не значеле за „народот“, кога народот го води власт која „секогаш мисли за него“ и му обезбедува „зголемување на пензии“ и „отворање работни места“ и му обезбедува „бесплатни“ подароци. 

Повеќе
6120 Кликови
0 Коментари

Oдржлив економски развој или економски раст?

д-р Марјан Николов

bloger marjanДали во овие 20 години се направил обид да се согледа корелацијата на среќата, благосостојбата, здравата животна средина и соживотот, со флуктуациите на економскиот раст т.е. растот на БДП? Дали владите во Македонија ќе разберат дека сме дел од екосистем и дека економијата и профитот не се цел, туку инструмент и алатка за одржлива економска благосостојба? Политичките субјекти треба да се фокусираат кон консензус за квалитетот на животот на граѓаните, благосостојбата и животната средина.

Повеќе
4799 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: