Д-р Ненад Новковски е редовен професор на Природно-математичкиот факултет и е раководител на постдипломските студии на Институтот за физика. Автор е на научни трудови, објавувал статии во меѓународни списанија со импакт-фактор и раководел со научно-истражувачки проекти. Тој е член на македонското, европското и американското друштво на физичари и соработува со институти за физика во Србија, Бугарија и Швајцарија. Во периодот од 1998 до 2002 година бил министер во Владата на Република Македонија. Раководел и учествувал во изработката и донесувањето на Стратегијата за развој на образованието 2001-2010 и Програмата за технолошки развој 2001-2006.

Кои реформи му се неопходни на образованието во наредниот период?

проф. д-р Ненад Новковски

nenad novkovskiВо образованието едновремено беа правени промени во неколку циклуси што се поврзани, пред да се сочека да бидат завршени промените во претходниот циклус на кои би требало да се надоврзе следниот. Како резултат на тоа, образовниот систем наместо да биде еден од најстабилните потсистеми на општеството, стана генератор на големи нестабилности во други општествени сфери.

Повеќе
2896 Кликови
0 Коментари

Кој, колку и зошто финансира во науката и истражувањето

проф. д-р Ненад Новковски

nenad novkovskiИзразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. Со интензивно инвестирање во науката и истражувањата се помага да се зачува човековата околина, да се изгради граѓанското општество, да се обезбеди прифатливо ниво на живот и да се спречи одливот од Македонија.

Повеќе
1144 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: