Никола Поповски е доктор на економски науки и универзитетски професор. Предава група на предмети од областа на макроекономијата. Има објавено повеќе книги со економска проблематика и универзитетски учебници, како и голем број на трудови во домашни и странски списанија. Извршувал повеќе значајни државни функции. Живее во Скопје.

Растот на јавниот долг во Македонија

проф. д-р Никола Поповски

nikola popovskiЈавниот долг на Македонија постојано расте. Расте вкупниот долг, расте надворешниот долг, расте внатрешниот долг, расте неговото учество во бруто домашниот производ (БДП). Таа појава е особено загрижувачка за економијата, но и за општеството.

Јавниот долг по дефиниција претставува акумулиран буџетски дефицит, односно состојба кога јавните раходи на државата се повисоки од јавните приходи. Сведоци сме дека буџетските дефицити во Македонија постојано се високи и сè уште растат. Во последниве седум години (2009-2015), на пример, тие кумулативно изнесуваат околу 23 отсто од БДП или просечно околу 3,3 отсто од БДП годишно. Според моите пресметки, кумулираниот апсолутен износ на дефицитот во овој период е околу 1,8 милијарди евра и затоа не треба да сме изненадени што и јавниот долг постојано се зголемува.

Последни коментари
Guest — Филипова
Се е точно дефинирано, но би било интересно да имавме можност да прочитаме анализа која би аргументирала за или против дефиницијат... Read More
Недела, 20 Декември 2015 8:08 AM
Прочитај
5091 Кликови
1 Коментар
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: