Ненад Живановски има докторирано на тема „Говор на омраза во политичкиот дискурс во медиумите“. Како новинар работел за повеќе македонски и странски медиуми, а еден период бил и извршен директор на НВО „Коалиција сите за правично судење“, раководител за односи со јавност во претставништвото на Каритас Есен – Национална секција Скопје. Како професор-инструктор бил ангажиран за предметите новинарство, медиуми и меѓународни односи. Професионално се дообразувал со студиски престоји на London College of Communication во Лондон, Radio Deutsche Welle во Келн, Frankfurter Allgemeine Zeitung во Франкфурт/М и ПР службата на Novartis во Нирнберг. Автор е на повеќе трудови објавени во македонски и меѓународни научни списанија како и на книгите „Говор на омраза“ (објавена на македонски, англиски и бугарски јазик) и „Некои аспекти на косовската криза – Косово помеѓу историските митови и реален европски проблем“ (на ангиски јазик).

Реформа на правосудството - што со неправдите на државниот правобранител?

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiАвторите на Нацрт – Стратегијата за реформа на правосудниот сектор точно ја констатираат состојбите во македонското правосудство во последниве десет години, заклучувајќи дека независноста и непристрасноста на институциите од правосудството биле уназадувани со груби непочитувања на законските норми, нивно „растегливо“ толкување и директно вмешување на извршната власт во работата на судството и јавното обвинителство. Меѓутоа, дали препораките и мерките кои ги предлагаат се доволни за сеопфатно и ефикасно исправање на неправдите кои правосудството им ги нанело на граѓаните?

Повеќе
1893 Кликови
0 Коментари

Стоп на кич патриотизмот под државна капа за Илинден

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiНовата влада и Министерството за култура треба да ја прекинат својата поддршка во рамките на научно-културните средби „Десет дена Крушевска република“ и во иднина да биде вклучено пристигнувањето на коњаниците „Илинденски марш 1978“ од Лисиче, бидејќи тоа претставува псевдо историски настан кој не се темели на научно поткрепени факти и настани врзани за Илинденското востание. Никој не го оспорува правото да се продолжи со Маршот, кој секоја година почнува на 27-ми јули, но тој треба да биде граѓанска иницијатива, која не е дел од државното одбележување.

Повеќе
5352 Кликови
1 Коментар

Лојалност кон државата или подаништво на партијата

д-р Ненад Живановски

И покрај несомнениот успех на опозицијата на последните избори и лошиот резултат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, она што претставуваше големо изненадување е како после сѐ што се случи во државата во последните десетина години и после сѐ што преживеаја граѓаните од оваа власт, сѐ уште може да постои завидна бројка од 455.000 граѓани кои и понатаму гласаат и ја поддржуваат владеачката партија? Имајќи ја предвид сеопштата катастрофална состојба до која доведе неодговорното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, здраворазумско е прашањето дали овие 455.000 гласачи можат да имаат црвена линија на нивната лојалност кон ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ?

Повеќе
5321 Кликови
0 Коментари

Зошто праќањето на Ќосето и крстот за Заев мораат да бидат санкционирани

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiЗаканата со Ќосето, упатена од Никола Груевски кон Зоран Заев, како и носењето на крст со заковано име и презиме на лидерот на опозицијата се инциденти кои не смеат да се изостават за на јавноста да не ѝ се објасни дека говорот на омраза не претставува само експлицитно изречена омраза, туку дека тој може да биде и во прикриена форма, со употреба на метафори и симболизми. Независно од начинот на кој тој јавно се манифестира, неговата законска санкција мора да биде облигаторна.

 

Повеќе
6094 Кликови
0 Коментари

Дали метеоролозите треба да одговараат за погрешна временска прогноза?

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiНастаните од 6 август, како ретко кога пред тоа, го фокусираа интересот на пошироката јавност кон Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), барајќи, евентуална, нејзина одговорност за трагичните последици од невремето во кое животите ги загубија 23 лица. Сепак, и во вториот месец по невремето, сѐ уште нема иницијатива за истрага која би утврдила дали во критичните часови УХМР постапила соодветно и согласно своите законски обврски за предупредување и најава на временски непогоди.

Повеќе
12100 Кликови
0 Коментари

Легитимност на насилието во политиката

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiДискретната закана на Никола Груевски дека едвај ја држел ситуацијата под контрола, дека народот вриел и дека можело да му дојде преку глава, потсетувањето на Ѓорѓи Иванов дека имал опција да ја активира армијата за смирување на ситуацијата, како и предупредувањето на Зоран Заев дека ако власта се дрзне да го укине СЈО ќе ги повикаат граѓаните да ја земат правдата во свои раце, сублимирано значат дека во целиот период од траењето на политичката криза постојано е присутен и факторот насилие како начин за разрешување на проблемот. Дали во демократијата насилието може да има легитимност, и, доколку – да, кој има право да го употреби?

Повеќе
3847 Кликови
0 Коментари

Снимени разговори – Интернетот посилен од законот

д-р Ненад Живановски

nenadПроблемот со нелегалното објавување на снимени разговори, гледано од формално-правен аспект е решен или со Законот за заштита на приватноста или преку члeновите 151 и 152 од Кривичниот закон. Сепак, кога ќе се случи злоупотреба на приватни разговори со нивно јавно објавување, а оштетениот заштитата ќе ја побара на суд, можно е да настане ситуација во која правото ќе биде немоќно да ги санкционира дејствијата кои ќе ја оневозможат или обесмислат примената на наведените закони.

Повеќе
2282 Кликови
0 Коментари

Дали Груевски може да ни се повтори?

д-р Ненад Живановски

nenadПоразот на здравиот разум и агонијата на животот кои ни се случуваат последниве десетина години, кај многумина го поставуваат прашањето дали сето ова можело да се предвиди, па и да се спречи!? Барањето одговор како си го дозволивме ова, консеквентно води и до ново прашање дали истото може пак да ни се повтори.

 

Повеќе
5522 Кликови
3 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: