Радица Тодоровска е дипломиран новинар и магистер на политички науки од 2009 година. Моментално е актуелен докторант на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Студиската програма од докторските студии е од областа „Демократија во услови на глобализација“. Активно учествува на конференции од областа на политичките науки, а предмет на научен интерес е развојот на демократијата во политичките системи особено од аспект на интеринституционална комуникација. Транзициониот и посттранзициониот период во постсоцијалистичките земји е особен предизвик за компаративни истражувања со развиените и модерни демократии.

Врската помеѓу телевизијата и политиката во Република Македонија

м-р Радица Тодоровска

radica Todorovska200x250Наместо во интерес на јавноста, дел од медиумите известуваат во интерес на политичките моќници, што особено се истакнуваше изминатите десетина години. Телевизијата е секогаш меѓу првите кои се под влијание на ваквите појави.

Повеќе
1333 Кликови
0 Коментари

Помеѓу политичката одговорност и партиската дисциплина: претседателите на државата и ветото

м-р Радица Тодоровска

radica Todorovska200x250Во 25 години независна Македонија, се сменија четворица претседатели на државата. Од нив тројца го имаат искористено ексклузивното право да стават вето на закон изгласан во законодавиот дом. Се чини дека примената на ова право го следеше институционалното зреење на државната власт без разлика дали постоеше период на кохабитација на шефот на државата со Владата или не. Последниве речиси осум години, правото на вето практично е ставено во мирување. Што избраа досегашните шефови на државата: политичка одговорност или партиска послушност?

Повеќе
5114 Кликови
0 Коментари

Да се преброиме пред да избереме легитимна власт

м-р Радица Тодоровска

radica todorovska24 декември 2012... спорно изгласување на буџетот за 2013 година... опозицијата надвор од Собранието... враќање на мандатите од страна на опозицијата... политички бомби објавени од опозицијата... политичка криза... барање решение за излез од кризата и враќање на опозицијата во парламентот... договор од Пржино... предвремени парламентарни избори 2016. Во услови на долготрајна политичка криза изборите се нужно решение. Но, и за избори треба услови.

 

Повеќе
9764 Кликови
0 Коментари

Политичари, „отворете ги картите“ на ТВ дуел!

м-р Радица Тодоровска

radica todorovskaПоследните десетина години, македонските медиуми се исклучително сиромашни со политички дебати. Недостатокот од телевизиски соочувања на политичарите ги отвора прашањата за степенот на политичка култура, бизнис релациите на медиумите со партиите и демократскиот капацитет на партискиот систем и електоратот. Може ли Македонија да се справи со овие предизвици во име на демократската определба на државата и политичките права на граѓаните?

Повеќе
3644 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: