Славица Биљарска е магистер по односи со јавноста и граѓански активист. Веќе петнаесет години им помага на граѓанските организации нивните каузи и активности да добијат на видливост. Своите истражувачки способности ги гради со учество во регионални и меѓународни тимови за истражувачки проекти. Моментално работи како консултант и обучувач за односи со јавноста на неколку граѓански организации и компании во земјата. Поле на особен интерес и се онлајн односи со јавноста, развој и имплементирање на стратегии за односи со јавноста и градење бренд. Еден е од идејните творци и ко-организатор на првата интернет маркетинг и онлајн ПР конференција во Македонија AllWeb.

Знаеја ли македонските политичари да ги користат социјалните медиуми за изборите?

м-р Славица Биљарска

Slavica Biljarska bvФејсбук, Твитер и другите социјални медиуми, повеќе од кога било претходно, овозможуваат нови начини за стимулирање на граѓанското вклучување во политичкиот живот, каде изборите ја имаат централната улога. Во изборните кампањи, тие се користат за мобилизирање на поддржувачи за кандидатот или партијата, за убедување на неопределените гласачи, а не ретко и за да се нанесе штета на угледот на политичкиот противник. На помалите и понепознати политички партии или независните кандидати, комуникацијата со електоратот преку социјални медиуми им дава можност да ја претстават својата платформа и да споделат информации, без притоа да користат огромни буџети за огласување.

Повеќе
1702 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: