Анета Шијакова магистрира на меѓународна политика на Правниот факултет, по што работи на докторска дисертација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универизитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. Како сертифициран тренер за новинарство и односи со јавноста предава во областа на неформалното образование во Македонија и регионот. Како стручњак од областа го предава предметот односи со јавност на „Бизнис Академијата Смилевски“, по претходно искуство на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи. Таа е активен новинар во националната ТВ Канал 5 и неделникот „Јавност” и е соработник од Македонија на американскaта веб публикација “JustLuxe”.

Загадување на воздухот: требаат енергични мерки за да не дишеме на „жабри“

м-р Анета Шијакова

aneta sijakovaПовеќето општини во Македонија изготвија локални еколошки акциски планови, но константната загаденост на воздухот укажува дека недостигаат стратегиски и долгорочни решенија. Непреземањето на енергични мерки за ваков сериозен проблем не смее да се толерира, особено што во државата има експерти со релевантни предлози од оваа област. Истовремено, Македонија не е првата држава во светот која се соочува со загадување на воздухот и треба да ги искористи добрите практики од други земји за да се справи со овој проблем.

Прочитај
2698 Кликови
0 Коментари

Кои се алтернативите на децата од улица?

м-р Анета Шијакова, новинар

aneta sijakovaСпоред податоците на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ 18.500 деца во Македонија се исклучени од основно образование, a 30 отсто од нив се без родители и родителска грижа. Под притисок на ваквите фактори дел од нив стануваат деца на улица. Македонија тешко се справува со сиромаштијата и социјалната исклученост на овие наши сограѓани.

Прочитај
2206 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: