Славко Миладиновски
Резултатите од пропаднатиот попис во 2011 година секако ќе помогнеа за прочистувањето на избирачкиот список и јасно ќе прикажеа колкав е електоратот во Македонија, и тоа според изборни единици и општини. Стравот на политичките партии од стапката на иселување тогаш беше една од главните причини за неспроведувањето на пописот, а денес за непрочистувањето на избирачкиот список.