fbpx
 

Проф. д-р Светомир Шкариќ е роден во Дојран во 1941 година, во селско семејство. Основно образование завршил во Дојран и Гевгелија, а гимназија во Струмица. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, а магистрирал и докторирал на Правниот факултет во Белград, под менторство на проф. Јован Ѓорѓевиќ. Биран е за асистент на проф. Евгени Димитров, а потоа за доцент и проферсор по предметот Уставно право на Правниот факултет во Скопје. Бил на студиски престој во Гренобл, Сапоро и Токио и визитинг професор во Бордо. Предавал 15 години на политичката школа „Јосип Броз Тито“ во Кумровец, заедно со Киро Глигоров, Предраг Враницки, Мухамед Филиповиќ, Мијат Шуковиќ, Милојко Друловиќ и Славој Жижек. Учествувал на повеќе конгреси на Меѓународното здружение за уставно право (L'AIDC), Меѓународно здружение за политички науки (IPSA) и Меѓународно здружение за истражување на мирот (IPRA). Поднесените трудови се објавени во книгата „Македонија на сите континенти“ (2000). Автор е на книгите: Law, Force and Peace - Macedonia and Kosovo (2002), Democratic Elections in Macedonia 1990-2002 (2005), Научно толкување - Устав на Република Македонија (2014) и Уставно право, осмо издание (2015). Подолго време работи на учебниците: „Политички теории - нова доба“ и „Уставното право на Европската унија“. Подготвува дваесетина есеи по повод одбележувањето на 70 години од постоењето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје (1951-2021). Преку блоговите уставното право го доближува до граѓаните, до државната власт и до опозицијата.

Крвавиот четврток - уривање на уставниот поредок

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Препораките на ад хок Комисијата за испитување на уставноста на настаните од 24 декември 2012 година - „Црниот понеделник“ се` уште не се вградени во Деловникот на Собранието. Да беа вградени, веројатно, не би се случил „Крвавиот четврток“, ниту би се појавила пораката на Твитер во 2015 година од еден учесник во работата на комисијата, висок како кошаркар: „Ми се тепа комуњарка со стап за селфи“. Желбата му се исполни по две години, на 27 април 2017 година. Еден од неговите следбеници ја удри „комуњарката“ по глава со стап - потежок од оној за селфи, ја фати за косата и ја кутна на земја.

Повеќе
  3914 Кликови
  0 Коментари

Академската заедница чувар на академската слобода

проф. д-р Светомир Шкариќ 

svetomir skarik 200x250Без наука универзитетот ја губи смислата на своето постоење. Ако и натаму науката се уредува со друг, посебен закон, како што е случај со Законот за научно-истражувачката дејност од 2008 година, тогаш не може да стане збор за квалитетно високо образование, ниту за излез на универзитетите од постојната криза.

Повеќе
  2808 Кликови
  1 Коментар

Запирањето на новите рудници - приоритет на новата влада

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Предлог-законот за минерални суровини иако само со седум члена, предизвика силен отпор од рударската фела, па дури и од министерот за инвестиции во Владата. Противниците бараат тој „веднаш“ да се повлече за да не се внесе немир кај странските инвеститори. Од друга страна, според пратениците и екологистите штетата од рудниците е повеќекратно поголема од нивната добивка, како за животната средина, така и за земјоделството и туризмот. Особено во тешка положба ќе се најдат Валандовската и Струмичката котлина.

Повеќе
  8250 Кликови
  0 Коментари

Во Мадрид легалитет, а во Барселона легитимитет

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Шпанија е повеќе подобна да биде федерална држава, отколку „држава на автономии“. Ако се отвори таква перспектива, тогаш ќе спласнат тензиите помеѓу регионалната и централната власт.

Повеќе
  4941 Кликови
  0 Коментари

Референдумите против мигрантите се неуставни и нецивилизациски

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Треба да се создава хармонија меѓу човекот и граѓанинот, а не да се копаат нови ровови помеѓу нив. Одлуките на советите на општините за одржување референдуми против мигрантите го прават второто со цел опозицијата да победи на локалните избори. Се шири страв од нешто што реално не постои, бидејќи престој досега побарале не повеќе од десетина мигранти. Македонија не смее да се однесува на ист начин како и државите што подигаат високи sидови и што покажуваат нецивилизациски однос кон мигрантите. Тоа е спротивно на нејзиниот хоспиталитет и на визијата за Европската унија како космополитска држава кон која тежнее.

Повеќе
  3434 Кликови
  0 Коментари

Приватизација на јавниот интерес

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Во Законот за концесии и јавно приватно партнерство од 2012 година никаде не се споменува јавниот интерес. Неговото премолчување значи и изостување на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес, прифатен од земјите со пазарна економија уште од 1940 година. Во Законот фигурираат пазарните критериуми - приватниот интерес на концесионерите и интересот на Владата да привлече што поголем број странски инвеститори. На тој начин, добрата од општ интерес, од некомерцијални станаа комерцијални добра, без нивно вреднување од гледиште на јавниот интерес. Тоа е тежок баласт за новата Влада, особено ако продолжи и натаму да зборува за подобар живот на граѓаните.

Повеќе
  3720 Кликови
  1 Коментар

Наместо десет една пратеничка група

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Собранието треба да се врати во претходната состојба. Претседателот на Собранието, мора војнички да отстапи од првиот ред и да ја повлече дадената согласност за формирање на десет пратенички групи од редот на една иста партија (коалиција). На тоа го обврзува и Деловникот и парламентарната практика. Со повлекувањето на согласноста нема лично да загуби ништо. А опозицијата нема правни инструменти да се спротивстави на неговата одлука, ниту може да ја заштити повластената положба, стекната поради попустливоста на парламентарното мнозинство.

Повеќе
  6873 Кликови
  0 Коментари

Ерупција на локалните референдуми

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија Езерото кое е прогласено за споменик на природата. Со локалните референдуми, граѓаните одлучија да ја напуштат послушноста кон партиите и нивните лидери, да стапат непосредно на политичката сцена и да ја покажат својата моќ.

Повеќе
  10857 Кликови
  0 Коментари

Иванов треба да го даде мандатот за формирање влада

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Парламентарното мнозинство ја формира Владата, независно дали станува збор за парламентарна монархија или за парламентарна република. Шефот на државата, независно дали е монарх или претседател, врз основа на претходни разговори со лидерите на парламентарните партии, е должен мандатот за состав на Владата да му го довери на она лице кое е во состојба да формира влада самостојно или во коалиција со другите легислативни партии. Така пишува во сите учебници по уставно право и парламентарно право, независно во кое време и на кој јазик се напишани.

Повеќе
  4871 Кликови
  0 Коментари

Уставот не дозволува опструкција за конституирање на Собранието

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Уставот на Република Македонија не дозволува опструкција за конституирање на Собранието и формирање на Владата на Република Македонија. Роковите за нивно формирање се фиксни (преклузивни), без можност за нивно пролонгирање, под никакви околности и со никакви политички условувања од страна на било кој.

Повеќе
  11744 Кликови
  0 Коментари

Мирен премин на власта

проф. д-р Светомир Шкариќ                 

svetomir skarik 200x250Од изборите на 11 декември 2016 година произлезе новото парламентарно мнозинство од 67 пратеници. Тоа е нова власт во Република Македонија, наспроти опозицијата составена од 51 пратеник. Тоа е ,,добра аритметика“ која никој не може да ја побива, вклучувајќи го и Алберт Ајнштајн. Особено кога изборните резултати не се оспорени ниту од домашната ниту од меѓународната јавност.

Повеќе
  14226 Кликови
  0 Коментари
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не