Соња Стојадиновиќ е родена во 1979 година во Велес. Таа е дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, кадешто магистрирала на отсекот Меѓународна политика на тема „Ненасилната борба во политиката: фактори за успех и неуспех“. Работи како фриленс автор за хрватските регионални портали Lupiga и Bilten и е активист на левичарското движење Солидарност.

Популизам: за народот или за политички поени?

м-р Соња Стојадиновиќ

sonjaПоследните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

Повеќе
1189 Кликови
0 Коментари

Македонски свилен гајтан за политичката сатира

м-р Соња Стојадиновиќ

sonjaВо историската сцена при крајот на филмот „Името на розата“ кога гори библиотеката на бенедиктинскиот манастир, фратарот кој е виновен за убиствата, пред да загине извикува: кога има смеа, нема страв, а кога нема страв, нема вера. Верата во избраните политичари во Македонија последниве 10 години достигна на ниво на религија. Не смееш да му се спротивставиш на пастирот, да го критикуваш, исмеваш, ако еднаш е избран, тоа останува за навек, исто како што верникот не смее да прашува зошто Бог дозволува војни и трагедии на земјата. Сепак, хуморот и смеата се корисно оружје и алатка во изразувањето на револт, отпор, бунт против постоечкиот систем.

Повеќе
5977 Кликови
0 Коментари

Тендерско поигрување со животите на граѓаните со дијабетес

м-р Соња Стојадиновиќ

slika stojadinovicГласот на жртвите на бизнис калкулациите на министерот за здравство Никола Тодоров почнува се` повеќе да се шири и да се слуша. Малку се жртвите кои паднаа во заштитата на бизнис интересите за Центарот за сколиоза (во изградба), а сега, по втор пат, министерот ги става животите на дијабетичарите на коцка со штетната тендерска политика.

Повеќе
4377 Кликови
0 Коментари

Интеграција со сегрегација во македонското образование

м-р Соња Стојадиновиќ

slika stojadinovicВрвот на уништувањето на образовниот систем во Македонија се достигна со масовната и политички поттикнатата сегрегација која се врши по етничка основа. На почетокот на 1990-тите, имаше основни и средни училишта во кои учеа деца од различни етнички групи, иако разделени по смени, како во средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје и во основното училиште „Братство Миѓени“ во Тетово. Денес, училиштата се физички раздвоени и во нив учениците освен со припадници од својот етникум, не се сретнуваат ниту се дружат со деца од други етнички заедници.

Повеќе
2385 Кликови
1 Коментар
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: