fbpx
 

Јована Маровиќ е извршен директор на мрежата „Политикон, независен истражувачки центар од Подгорица, член на BiEPAG и работната група за Поглавје 23 во преговорите за пристапување на Црна Гора во Европската Унија. Докторирала на Факултетот за политички науки во Белград. Областите на нејзинитеистражувачки интереси го вклучуваат владеењето на правото, демократијата, федерализмот, Балканот, политичкиот систем на ЕУ и политиката на проширување.

Раденко Удовичиќ е декан на Факултетот за општествени науки при Универзитетот Херцеговина во Мостар и директор на „Медиа План“ институтот како и „Медиумски иницијативи“ од Сараево, организација која се бави со новинарско образование, медиумски истражувања и продукција. Тој од 1992 година работи како новинар. Во последните седум години предава новинарски и комуниколошки предмети на различни универзитети.

Ана Крстиновска е програмски менаџер и истражувач во Центарот за истражување и креирање политики каде работи на проекти од областа на европска интеграција и меѓународни односи. Претходно била државен секретар за европски прашања и советник за меѓународна соработка во Владата на Република Македонија. Завршила магистерски студии по Европски политички и административни студии на Колеџот на Европа во Бриж, Белгија и специјалистички студии на Универзитетот за странски студии во Пекинг, НР Кина.

Леони Ракаџ е истражувач и проектен координатор која работи на теми како што се религиозна толеранција, добро владеење, анализа на политики и спречување / борба против насилниот екстремизам. Покрај тоа, таа помага во управувањето со бизнис процесите и ја координира комуникациската стратегија на Институтот за демократија и медијација во Тирана, Албанија (IDM). Покрај нејзината работа во IDM, Леони е аналитичар на Global Insights, меѓународна политичка платформа за ризик, каде пишува за широк спектар на безбедносни прашања поврзани со Западен Балкан. Таа има магистерирано на насоката по меѓународни односи при Кралскиот колеџ во Лондон.

Емилија Локвенец е докторанд по уставно право на Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот Св. Кирил и Методиј и магистер по правни науки од областа на граѓанското право. Магистрирала на темата „Начелните ставови и правни мислења на Врховниот суд како извор на граѓанското право“, а во моментот работи на својата докторска дисертација на тема „Улогата на Врховниот суд во обезбедувањето на единство во примената на законите од страна на судовите“.

Тимурленк Чековиќ магистрирал кризен менаџмент на Воената Академија во Скопје. Истражува за влијанијата на глобалните закани и безбедност. Заинтересиран е да пишува и споделува новости во технологијата, глобалните промени и настани. Посветува интерес во геопросторно разузнавање и технолошки напредок, како и етички вредности и историја. Има активен блог и е автор на неколку книги, академски статии и истражувања. Моментално е вработен како инспектор во Граничната полиција.

Ардита Вејсели е асистент на проекти во Институтот за европски политики (ЕПИ). Таа има дипломирано на правните студии при Универзитетот на Југоисточна Европа. На истиот Универзитет ги изучува и мастер студиите во областа на меѓународното право. Има работено на проекти од програмата ЕРАЗМУС+ во врска со европската историја, мигрантските кризи и со родовата рамноправност. Таа има учествувано и на меѓународни летни школи на Универзитетот „Хасан Приштина“ (Приштина, Косово) за интегрирање на Западниот Балкан во ЕЗ и на Универзитетот „Бикока“ (Милано, Италија) за мир, толеранција и помирување на државите опфатени од конфликти.

Јаел (Јули) Тамир, поранешен израелски министер за образование и за имиграција, е претседател на колеџот Шенкар, доцент на Школата за влада „Блаватник“ на Универзитетот Оксфорд, и автор на Liberal Nationalism и Why Nationalism.

Лидија Пискер е новинарка и истражувач од Босна и Херцеговина. Таа најчесто пишува за теми поврзани со заштита на човековите права и демократија за регионални и меѓународни медиуми. Таа е добитничка на наградата од Обединетите Нации за подигање на јавната свест за борбата против дискриминација и заштита на правата на децата.

Дауд Кутаб, поранешен професор по новинарство на програмата Ферис при Универзитетот Принстон, е претседател на Комитетот за слобода на печатот во одборот на Меѓународниот институт за новинари. Следете го на twitter.com/daoudkuttab.

Сабин Селими е роден во Словенија на денот кога падна Берлинскиот ѕид. Како корисник на Претседателска Стипендија тој ги завршил своите додипломски студии по економија и меѓународни студии на американскиот универзитет во Вашингтон. Тој ги завршил своите магистерски студии по меѓународна јавна политика на Универзитетскиот колеџ во Лондон, во рамки на Шевенинг програмата за стипендирање. Има долго работно искуство во јавниот сектор а во моментов е ангажиран како консултант. Неговите области на интерес вклучуваат дигитална дипломатија, трансатлантски односи и европски прашања особено поврзани со Балканот.

Надире Латифи во моментов е специјалист за мерење и евалуација на резултати во швајцарската организација Helvetas Swiss Intercooperation (МК) и е одговорна за дизајнирање, континуирано подобрување и управување со MRM системот на проектот "Образование за вработување во Македонија", како и за советување во врска со управување со проекти во стратешко управување. Претходно работела како советник во Вестминстер фондацијата за демократија во Скопје и како истражувач на повеќе меѓународни проекти. Како добитник на Шевенинг стипендија, таа ги завршила своите магистерски студии по јавна политика на Универзитетскиот колеџ во Лондон. Таа ги завршила своите додипломски студии по психологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Меѓународниот балкански универзитет.

Јулијан Вухерпених е асистент професор по меѓународни односи и безбедност во Школата за јавни политики и управувачки практики „Херти“ (Hertie School of Governance).

Анита Годес е асистент професор по меѓународни односи на Универзитетот во Цирих.

Арта Бериша е новинар и асистент предавач на Факултетот за новинарство и масовна комуникација на ААБ колеџот во Приштина. Таа во моментов го води проектот „Вистинит интернет“, чија цел е да го подобри известувањето за онлајн медиумите и да ја подигне свеста кај граѓаните дека не е точно она што го читаат. Бериша работела 10 години на албанската национална телевизија Топ Канал и била член на Управниот одбор на Здружението на новинари на Косово.

Davor Marko holds PhD in communication and culture from the Faculty of Political Sciences, University of Belgrade. He has expertise in analysis of communication trends in off line and online sphere among youth, and capacity building in domains of communication, policy making and advocacy. He is the author of many local and regional research papers, publications, publications and assessments, and has worked with leading academic, research and international institutions from the region of the Western Balkans and abroad. He collaborated with USAID, OSCE, EBU, Thomson Foundation, and was research fellow of Open society fund in BiH, UNESCO, and Zeit Stifftung from Hamburg. His professional interests include media development, strategic communication, the future of public service media, media and diversity, and the language of the media.

Лина Ќостарова-Унковска е клинички психолог, со специјалност во психологијата на траума, и главен истражувач на ХБСЦ (Health Behavior in School Aged Children Study) студијата во Македонија, од 1998 година. По 20-годишна работа на УКИМ, како предавач на предметите клиничка психологија и ментално здравје, го основаше Центарот за психосоцијална и кризна акција, како независна професионална агенција. Во рамки на центарот се организираат проекти и интервентни акции, како одговор на итната потреба од психосоцијална помош и поддршка на индивидуалци, групи и заедници под ризик, а особено деца и млади кои се соочуваат со социјална и родова нееднаквост, и загрозување на човековите и детските права, особено во услови на слабост на институциите на системот, погодени од неизвесната и турбулентната трансформација на заедницата.

Д-р Рамадан Чипури (Ramadan Çipuri) е професор на Одделот за новинарство и комуникација при Универзитетот во Тирана, Албанија. Неговите студии се фокусирани на прашања поврзани со медиумската етика и е автор на две книги.  Кариерата како академски кадар почнува да ја развива од 2008 година на неколку универзитети во Албанија. Претходно, осум години работел како новинар за некои национални и странски медиуми. Завршил студии по новинарство на Универзитетот во Истанбул, Турција, во 2004 година.

Петар Тодоров работи во Институтот за национална историја. Негов истражувачки интерес е социјалната и урбана историја на Османлиската империја и Балканот во 19 и 20 век, како и историското образование и (зло)употребата на историјата во современите општества. Своето образование го завршил во Скопје (Филозофски Факултет) и Париз (Ecole des hautes études en sciences sociales - EHESS) Научен соработник е на Универзитетот Њу Јорк Тирана. До сега бил на подолги студиски претстои на повеќе универзитети во Европа и Турција.

 
Дарко Стојанов е историчар во Институтот за национална историја во Скопје. Додипломски студии завршил на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а магистерски и докторски студии на Ecole Pratique des Hautes Etudes во Париз. Се занимава со периодот на големите миграции во доцната антика и раниот среден век, како и со анализа на учебници по историја. Остварил бројни истражувачки престои во Париз, Берлин, Виена, Грац, Загреб, Брауншвајг, и други европски академски центри. Ко-уредник е на публикацијата Myths and Mythical Spaces. Conditions and Challenges for History Textbooks in Albania and South-Eastern Europe при Георг Екерт институтот за меѓународно истражување на учебници.

Бенџамин Перкс е претставник на УНИЦЕФ во Поранешната Југословенска Република Македонија и е одговорен за застапување и поддршка на реформите кои ги зајакнуваат човековите права на децата, особено во однос на заштитата на децата, правдата, здравството, образованието и раното детство. Тој е, исто така, претседател на Регионалната советодавна група за насилство против децата која промовира реформи за поддршка на примарна превенција и одговор во 21 земја во Европа и Источна Азија. Тој претходно беше претставник на УНИЦЕФ во Црна Гора, а исто така служеше во Грузија, Косово, Авганистан, Индија и Албанија. Во Авганистан тој помогна да ја координира кампањата „Назад на училиште" во северниот дел на земјата, што довело до еден милион девојки и два милиони момчиња во училиште - повеќето од нив за првпат во својот живот.

Во моментов, Перкс е виш научен соработник во Јубилејниот центар на Универзитетот во Бирмингем, кој ја истражува наставата за карактерот, социјалните и емоционалните вештини во училиштата. Тој магистрирал меѓународни односи на Универзитетот Кент во Кантербери и неодамна заврши професионална програма на Харвардскиот факултет за образование за реформи во лидерство и образование. Исто така, работи како тренер на Колеџот за персоналот на системот на ОН, за тимови на високо ниво во Влада/ОН во врска со реформите засновани на човекови права.

Dr Vuk Vučetić rođen je u Sarajevu 1987. godine. Diplomirao je 2010. godine na Filozofskom fakultetu Univerziteta u Istočnom Sarajevu, na Katedri za novinarstvo. Završio je master studije komunikologije 2013. godine na Fakultetu političkih nauka u Sarajevu. Tema master rada je bila „Politički spektakl kao medijski fenomen – primjer BiH“. U 2018. godini odbranio je doktorsku disertaciju na Fakultetu političkih nauka u Sarajevu na temu „Kontroverze medijatizacije politike u savremenoj Bosni i Hercegovini.“ Od 2011. godine stalno je zaposlen  na Filozofskom fakultetu Univerziteta u Istočnom Sarajevu na Katedri za novinarstvo. Učestvovao je na više naučnih konferencija u Srbiji, Crnoj Gori i Bosni i Hercegovini. Njegova sfera intereosvanja su: masovno komuniciranje, politička komunikacija, javno mnjenje, novi mediji i društvene mreže, mediji i politika.

Едоардо Кампанеља работи во Future of the World при Центарот за управување со промени на Универзитетот ИЕ во Мадрид.

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не