fbpx

Од економска инвестиција кон политичко влијание: приодот на Кина во Западниот Балкан

Алфред Марлеку

Политика

10.06.19

Прегледи

ALB SRB

Алфред Марлеку

alfred marleku200x250Пријателските односи и спремноста на Северна Македонија за да ги прифати кинеските инвестиции е искажана јасно во 2017 година кога поранешниот – претседател Ѓорге Ивановизјавуваше дека Северна Македонија има потреба за Кина, исто толку колку што има потреба и за ЕУ.

Балканот е крстосница и допирна точка на која се сретнувале многу држави и царства од историјата. Овој регион има посебна стратешка позиција преку која многу држави се обидувале да ги промовираат нивните политички, економски, воени или геополитички интереси. Затоа, секогаш се правеле обиди Балканот да се контролира од супер-сили како што се Русија, Отоманската Империја, Австрија, поранешниот СССР, САД или од ЕУ. Но во последниве години, некако молчешкум, влијанието во регионот го има проширено една друга светска суперсила. Една меѓу нив е и Кина.

Влијанието на Кина на Балканот е фокусирано најмногу на економскиот аспект. Овој приод е во целосна согласност со нејзината стратешка цел, во која што економската експанзија се идентификува како главен приоритет. Затоа што, целта на надворешната кинеска политика е таа што е позната како „Дипломатија на инвестициите во трговијата“ (Trade Investment Diplomacy). Оваа стратегија се остварува и во Балканските земји.

Всушност, приодот на Кина кон Балканот е дуалистички. Од една страна, Кина развива унилатерална политика со земјите од Балканот, освен кон Косово. Но, од друга страна Пекинг има изградено една регионална платформа  позната како „16+1“, што има за цел интензификација и проширување на соработката со 11 земји членки на ЕУ и со 5 земји од Западниот Балкан.

Инфраструктурни инвестиции

Природата на инвестициите е фокусирана на инфраструктурата: изградба на автопати и мостови, подигнување на енергетските капацитети и искористување на морските пристаништа. Земја со најголем број на инвестиции досега е Србија. Тука се опфатени брзи железници во должина од 350 км меѓу Будимпешта и Белград, чијашто цел е поврзување со пристаништето Пиреј кое од страна на Грците, уште од античките времиња, се смета како „метафора за Грција“. Кина, исто така, во Белград инвестира во изградба на еден мост на реката Дунав во вредност од 160 милиони долари а на Србија и има дадено кредит за изградба на електрични капацитети во вредност од 700 милиони евра.

Истиот приод, иако во помали размери, е употребен и во однос на Северна Македонија. Најголемата инвестиција е во два патни проекти од Скопје – Штип и од Кичево – Охрид, за реализација на кои на Македонија и има дадено кредит во висина од 580 милиони евра, кои се наменети за проектот кој се поврзува со иницијативата на „Новиот пат на свилата“ (New Silk Road Initiative). Пријателските односи и спремноста на Северна Македонија за да ги прифати кинеските инвестиции е искажана јасно во 2017 година кога поранешниот – претседател Ѓорге Иванов изјавуваше дека Северна Македонија има потреба за Кина, исто толку колку што има потреба и за ЕУ.

kina zapaden balkan

Најстари односи со Кина од државите од регионот има Албанија. Тие датираат уште од 70-тите години во кои лидерот Енвер Хоџа, заради идеолошката блискост, имаше „братски односи“ со Маоистичка Кина. Сепак, овој „романтичен“ однос е прекинат во 80-тите години кога Хоџа го обвини кинеското раководство дека е тргнато по „ревизионистичкиот пат“.

Во моментов, главната цел на Кина, што се однесува на односите со Албанија, е создавање на приод кон нејзините морски пристаништа во Драч, Валона и Шенѓин на Јадранското и Јонското Море. Затоа, по проширувањето на влијанието во пристаништето Пиреј на Грција, контролата на погоре споменатите пристаништа ќе и создадеше на Кина лесен приод во Европа. Владата на Албанија има изразено подготвеност за соработка. Како конкретен чекор на Кина и го има понудено пристаништето Шенѓин, во форма на концесија во времетраење од 25 години, во замена за значителното инвестирање и реновирање во ова пристаниште, затоа што станува збор за пристаниште кое е доста оштетено.

Односите на Кина со Косово не постојат ниту на билатерално ниво, а Косово не е опфатено ниту во мултилатералната агенда „16+1“. Дотолку повеќе, Кина не ја признава независноста на Косово прогласена во 2008 година. Кинеската позиција се базира на стравот дека признавањето на Косово може да се гледа како преседан за нејзините чувствителни случаи како што се регионите на Тибет и Ксинјанг

Како дел од платформата „16+1“, Кина има изразено отворен интерес за зајакнување на односите со Хрватска. Ова посебно е нагласено по посетата на хрватскиот претседател во Пекинг во 2015 година и повратната посета на една висока кинеска делегација во 2017 година. Значаен аспект на соработката е барањето на кинеската влада за олеснување на процедурите за добивање виза од страна на кинеските граѓани.  Во последниве години, бројот на туристи од Кина кои ја посетуваат Хрватска е осетно зголемен.

Ст(р)авот на ЕУ

Овие настани ја имаат вознемирено Европската Унија. Официјалните лица од оваа организација велат дека Брисел го има потценето влијанието на Кина на Балканот. Според Комесарот за проширување, Јоханес Хан, некои држави од Балканот земаат високи заеми од Кина за да инвестираат во инфраструктурни проекти кои, според него, ќе ја зголемат опасноста и можноста да им наштетат на нивните слаби економии.

Слична загриженост е изразена и на Минхенската Безбедносна конференција одржана во 2019 година. Меѓу другото, таму се истакнаа проблемите на кои можат да наидат Балканските држави кои имаат земено заем од Кина за да ги развијат нивните инфраструктурни проекти, а кои од друга страна немаат доволни капацитети за да ги вратат овие кредити. Во овој случај се случува она што, во теоријата, е познато како „дипломатија на должничка стапица“ (debt-trap diplomacy). Стравот на политичарите од ЕУ е дека овој финансиски однос ќе се трансформира во политички однос и ќе ги држи овие држави под политичко влијание на Кина.

Европската Унија е, и останува главниот инвеститор и донатор во Западниот Балкан. Од друга страна, волјата на граѓаните на овие земји, а исто така и на политичарите, е да бидат опфатени во интегративниот процес во ЕУ. Сепак, во последните години во игра се влезени и други глобални актери кои го прошируваат нивното влијание, станувајќи сериозен конкурент за ЕУ во регионот. Но, дали е Кина алтернатива на ЕУ за овие држави? Ова останува да се види во следните години. Всушност, ова највеќе зависи од приодот кој ЕУ ќе го има кон Балканот во овие  турбулентни времиња и за самата ЕУ.

На последните избори кои се одржаа во Европската Унија, бројот на партиите од десниот екстрем и на оние популистичките видно се зголеми, иако не во толку голем обем колку што се очекуваше. Сепак, овие политички сили излегоа како први во две значајни земји на ЕУ како што се Франција и Италија. Резултат на овие избори за Европскиот парламент и формирање на новите институции на ЕУ е важен за стратешката ориентација и иднината на организацијата. ЕУ има длабоки несогласувања околу некои од главните теми како што се: политика на миграцијата, политиката на проширувањето како и фискалната политика. На другата страна, односите со нивниот стратешки партнер, САД, се комплицирани. За ова не е виновна само ЕУ, туку и неконвенционалниот и непредвидливиот приод на претседателот Трамп.

Истовремено, влијанието на надворешните фактори како што се Кина и Русија осетно е зголемено така што Канцеларката Ангела Меркел изјави дека Европа треба да се соедини за да се спротистави на Кинеското, Руското или Американското влијание. Она што видно треба да влијае за во иднина, е тоа што главните земји на ЕУ треба да бидат повеќе фокусирани на менаџирањето и соочувањето со внатрешните и глобалните предизвици, отколку на интегративниот процес на регионот.

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Алфред Марлеку

Алфред Марлеку е доктор по политички науки и професор по меѓународни односи и компаративна политика на Факултетот за политички науки во рамки на УБТ Колеџ, Косово. Автор е и коавтор на голем број научни трудови од областа на политичките науки во релевантните регионални и меѓународни списанија. Покрај тоа, тој е коавтор на серија стратешки документи, главно во областа на високото образование. Неговите истражувачки интереси вклучуваат, но не се ограничени на, меѓународните односи, мали држави и процесот на градење на државата. Повеќе од 8 години работи како проект-менаџер во различни програми финансирани од Европската комисија, УСАИД, амбасадата на САД и други, кои главно се однесуваат на реформите во високото образование во Косово, особено фокусирајќи се на истражување и развој, одлив на мозоци, развој на наставни програми итн.