Еколошка неетичност

Александар Самарџиев

Aleksandar SamardjievДали луѓето кои ја уништуваат природната околина ги прифаќаат информациите дека последиците ќе ги почувствуваат и самите? Ако не се плашат дека тоа ќе влијае врз нивното здравје, се плашат ли од законските санкции, како парични казни, па дури и затвор. Како мисли и како постапува еден поединец, зависи каква личност оформил уште од детството, а за подобри морални вредности кога се оформува младата личност придонес може да даде изучувањето на етиката.

Повеќе
1891 Кликови
0 Коментари

Eколошки неодговорна јавна администрација

м-р Ненад Тониќ, д.с.и.

nenad tonicИнституцијата која пред граѓаните испорачува барање да се самоограничат во користењето на автомобилите, додека самата таа непречено „ужива“ возен парк од 40-50, па и повеќе конвенционални возила, не поседува кредибилитет за испорачување на такво барање. Дотолку повеќе што во нашите услови службените возила се „приватизирани“ дури и од хиерархиски најниските раководни ешалони па освен за секојдневните службени потреби се користат и како редовно превозно средство на релација дома-работа!

Повеќе
564 Кликови
0 Коментари

Скопје ќе биде загадено се` додека не го врати урбаното зеленило

Кирил Пржо

kiril arsovskiВо населбите кадешто има паркови или парк-шуми загаденоста на воздухот е за два до три пати помала од другите делови на градот. Зелените растенија служат како сигурен простран филтер, кој квалитативно го чисти воздухот од гасовити и аеросолни примеси. Затоа, бесмислено е да се пристапува кон донесување мерки за намалување на загаденоста, ако паралелно со тоа, наместо зголемување на зелените градски површини, тие се намалуваат, се оштетуваат и се деградираат. Бетонска стерилна „џунгла“ e застарен приказ за една модерна урбана средина.

Повеќе
5010 Кликови
0 Коментари

Никој во Македонија не знае точно колку е загаден воздухот

Кирил Пржо

kiril arsovskiИнформациите за загадувањето на воздухот во Македонија, нас, граѓаните, не доведуваат во состојба како кога имаш камче во чевелот што ти пречи, но не знаеш колкаво е, од каде е, колку време ти е во чевелот и како ќе влијае врз твоето здравје. Никој во Македонија не знае точно колку е загаден воздухот бидејќи податоците кои се достапни во државава се непрецизни и не може да ги сметаме како вистинити.

Повеќе
3588 Кликови
0 Коментари

Загадување на воздухот: требаат енергични мерки за да не дишеме на „жабри“

м-р Анета Шијакова

aneta sijakovaПовеќето општини во Македонија изготвија локални еколошки акциски планови, но константната загаденост на воздухот укажува дека недостигаат стратегиски и долгорочни решенија. Непреземањето на енергични мерки за ваков сериозен проблем не смее да се толерира, особено што во државата има експерти со релевантни предлози од оваа област. Истовремено, Македонија не е првата држава во светот која се соочува со загадување на воздухот и треба да ги искористи добрите практики од други земји за да се справи со овој проблем.

Повеќе
2925 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: