Нагласена регионална диспропорција на населението во Република Македонија

проф. д-р Јорде Јаќимовски

Jorde Jakimovski 200x250Големи и стратешки важни микрорегиони остануваат популационо непокриени, а нивните ресурси неискористени.

Повеќе
3281 Кликови
1 Коментар

Мерките за привлекување странски инвестиции се трошок кој мора да се поднесе

проф. д-р Сашо Арсов

Saso Arsov 200x250Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. Истовремено, отсуствува целосна анализа на ефектите што со тоа се постигнати, односно немаме јасна претстава дали постигнатите резултати одговараат на направените напори и трошоци. Новата власт, доколку ја задржи определбата за привлекување странски инвеститори, ќе мора да биде многу внимателна во поглед на промените на востановената политика.

Повеќе
6101 Кликови
1 Коментар

„Трета мајка“ за чествување на Илинден

проф. д-р Тодор Чепреганов

Todor Cepreganov 200x250Најдобар пример за чествување заеднички празник од минатото меѓу две соседни држави е денот „Д“ на Франција и Германија. Се користи за давање почит кон сите загинати на тој ден, а воедно и како можност за зближување, поврзување, па и за помирување и простување, но не и за заборавање. Каде во заедничкото чествување на Илинден е чинот на извинување на Бугарија за се` што има направено во и на Македонија низ историјата?!

Повеќе
4024 Кликови
2 Коментари

Милитаризација на МВР

м-р Петар Гошев

Petar Goshev1Во рамките на општиот процес на суспендирање на уставната позиција на институциите (таканареченото „киднапирање на државата“ од страна на владеачката врхушка во земјата) се одвива опасен процес на милитаризација на полицијата. De fakto, таа израснува во паралелна војска на АРМ - но, задолжена, главно, за борба против „внатрешните непријатели“ на државата. Поради големата моќ - цивилно неконтролирана - и големите лични привилегии од нејзината злупотреба, сите се „грабаат“ за МВР.

Повеќе
6267 Кликови
1 Коментар

За државата и праведноста или што научив од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

вон. проф. д-р Ристо Солунчев

risto soluncevВо Македонија констатирам две периферии на еден симптом: манифестација на моќ и укинување на правдата. Последица: општеството изумира оти не дише воздух: слободата. Не сакам да се занимавам со лечење на симптоми, коментирајќи единечни настани, ами се занимавам со дијагноза, за да стане јасно зошто ни се случува оваа политичка криза, и дека поинаку не може.

 

Повеќе
5720 Кликови
0 Коментари

Молкот на институциите е поопасен од страшните инсекти

Кирил Пржо

kiril arsovskiПо правило, речиси секоја пролет во изминатите години, во Македонија е обележана нова чудна „природна“ појава - епидемија на вирус, појава на тропски инсекти, или пак наводни инвазивни, опасни или отровни видови растенија или животни. Исто така, како по правило, во тој бурен и „опасен“ период, во јавноста недостасува целосно информирање од надлежните државни институции за настанатата „опасност“. Ваквата апсолутна анемичност на одговорните институции ја остава јавноста да се прашува дали е безбедна, дали здравјето на граѓаните, состојбата на земјоделските насади и имотите на луѓето се во опасност, или пак, вестите што граѓаните ги добиваат преку медиумите се направени користејќи го методот „расипан телефон“.

Повеќе
5062 Кликови
1 Коментар

Патот од груевизмот до консолидирана демократија го открива теоријата на рационален избор

м-р Иво Босилков

ivo bosilkovНикола Груевски може да биде критикуван за многу работи. Меѓутоа за една работа, де факто шефот на македонската држава не може да биде критикуван, а тоа е неговата рационалност. Никола Груевски е исклучително рационален политички актер. Ако не би бил, немаше да фигурира повеќе од една деценија како најмоќен човек во Македонија.

 

Повеќе
5753 Кликови
6 Коментари

Меѓународното право дозволува понатамошно објавување на „бомбите“

д-р Воислав Стојановски

voislav sЈавноста има право да знае кој се однесува незаконски и кој бил или се` уште е опасен за општеството, за да влијае превентивно и одвраќачки кон останатите. Дали правото на приватност на инкриминираните функционери е пречка јавноста да дознае за нивното незаконито владеење? Според Европскиот суд и Венецијанската комисија, објавувањето на сите делови од нелегално прислушуваните материјали би биле дозволени зашто откриваат можно кривично поведение што би придонело кон дебата од јавен интерес.

Повеќе
5577 Кликови
1 Коментар

Колку е убаво да си професионален!

д-р Татјана Б. Ефтимоска

tatjana eftimoskaОгромен процент академски граѓани се, едноставно, неписмени. Скарани се со основна писменост, правопис и правоговор. Пратениците, со своите сочни идиоми, го претворија Собранието на РМ во вистинско извориште на дијалекти, најразновиден жаргонски, дури и уличен говор. Новинарите и актерите исто така честопати имаат проблеми со писменоста, несоодветната интонација и неправилното акцентирање.

Повеќе
7239 Кликови
1 Коментар

Дали Груевски може да ни се повтори?

д-р Ненад Живановски

nenadПоразот на здравиот разум и агонијата на животот кои ни се случуваат последниве десетина години, кај многумина го поставуваат прашањето дали сето ова можело да се предвиди, па и да се спречи!? Барањето одговор како си го дозволивме ова, консеквентно води и до ново прашање дали истото може пак да ни се повтори.

 

Повеќе
5561 Кликови
3 Коментари

Европската бегалска криза – предизвик од глобални размери

д-р Благоја Марковски

blagoja markovskiБегалската криза се очекува да добие на интензитет пролетва, а Македонија е клучна транзитна врска за да се стигне до „ветените“ земји во Европа. Македонија не може да биде претворена во бегалски кампови во кои присилно ќе се задржуваат бегалци, а противзаконита е и помошта што ѝ се нуди во воени сили од одредени земји. Организираниот превоз на бегалците од Гевгелија до Австрија е малку доколку нема глобален и координиран пристап за справување со кризата и не се постигне траен мир во Сирија.

Повеќе
10751 Кликови
0 Коментари

Ловење на големите риби: oд селективна пасивност кон бескомпромисна активност?

м-р Борјан Ѓузелов

borjan gjuzelovЌе успее ли Специјалното јавно обвинителство предводено од Катица Јанева да започне поширока борба против корупцијата од високо ниво? Возможно ли е само една институција да ја демонтира ваквата корупција и да го реши проблемот на „заробена држава“ каде што институциите наместо решение, претставуваат дел од проблемот?

Повеќе
2872 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: