Реформа на правосудството - што со неправдите на државниот правобранител?

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiАвторите на Нацрт – Стратегијата за реформа на правосудниот сектор точно ја констатираат состојбите во македонското правосудство во последниве десет години, заклучувајќи дека независноста и непристрасноста на институциите од правосудството биле уназадувани со груби непочитувања на законските норми, нивно „растегливо“ толкување и директно вмешување на извршната власт во работата на судството и јавното обвинителство. Меѓутоа, дали препораките и мерките кои ги предлагаат се доволни за сеопфатно и ефикасно исправање на неправдите кои правосудството им ги нанело на граѓаните?

Повеќе
1635 Кликови
0 Коментари

Ќе има ли правда за „големите, важните и богатите“

Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат

Suzana Josevska Anastasovska 200x250Законот му дава процесна можност на првостепениот суд повторно да одлучи да ги исклучи прислушуваните разговори како докази, ценејќи дека се работи „од слуај до случај“, но тоа ќе биде спротивно на други одлуки како на македонските судови, од кои веќе на актуелни предмети на СЈО, така и на Европскиот суд за човекови права, а секако ќе биде спротивно на јавниот интерес и со тоа на колективната правда која ќе резултира во чувство на изиграност на сите граѓани.

Повеќе
4796 Кликови
0 Коментари

Специјализирано судско одделение: Прв чекор кон ослободување на судската од извршната власт

д-р Воислав Стојановски

voislav sГлавната придобивка од формирање специјализирано судско одделение (ССО) би била унапредување на правосудниот систем и победа над селективната правда во Македонија. Може да се очекува дека доколку се следи примерот на СЈО, вакво ССО би имало поддршка од граѓаните и меѓународната заедница со што не би ги чувствувало притисоците со кои се обременети судиите денес и би можело да биде поттик за останатите судии конечно да почнат со практикување на уставно гарантираната судска власт.

Повеќе
5385 Кликови
0 Коментари

Зошто правосудството го попречува владеењето на правото?

д-р Дане Талески

daneПолитичкото влијание на ВМРО-ДПМНЕ е главниот проблем што ја ограничува независноста на правосудството во Македонија. Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се посреден инструмент преку кој се спроведува политичката контрола. За да се избегне зависноста од владејачка партија, правосудството треба повеќе да се потпре на своите капацитети, да ја зголеми транспарентноста и да започне поблиска соработка со цивилното општество.

Повеќе
2152 Кликови
0 Коментари

Независноста на судството преку стандардите на Стразбур

д-р Мирјана Лазарова Трајковска

mirjana lazarova trajkovskaМакедонското досие во Судот во Стразбур покажува дека проблемите на судството во врска со независноста во повеќето случаи се поврзани со неподготвеноста на конкретните судии да се соочат со различните форми на влијанија. Од досега завршените седум предмети, во два случаи е проблем наметнувањето на извршната над судската власт, а во пет случаи пристрасноста на судиите.

Повеќе
4007 Кликови
0 Коментари

Како да се заштити судството од влијанијата врз неговата независност

Драган Малиновски

dragan malinovskiСе` почесто судовите наликуваат на арена во која се одвиваат жестоки политички пресметки, за што сериозно придонесува и самиот суд со својата сервилност кон власта. Судскиот совет има реална можност судиската функција да ја врати на вистинскиот колосек преку креирање на здрави кадровски политики, градење на култура на професионален и личен интегритет на судиите, нивното перманентно стручно усовршување и нивна заштита од сите притисоци.

Повеќе
2484 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: