fbpx
 

Të rinjtë e Ballkanit Perëndimor dhe ardhmëria e tyre

MK

Ardita Vejseli

Ballkani Perëndimor njihet si vend me histori të trazuar e të kryqëzuar mes popujve që kanë jetuar në këto troje. Shekuj me radhë konfliktet dhe trazirat kanë qenë përditshmëri dhe kanë krijuar marrëdhënien dashuri – urrejtje mes banorëve të rajonit. Historia komplekse e kësaj “humnere” të vogël të kontinentit Evropian paraqet paradoks dhe mister në vete. Mirëpo, gjithmonë ka ekzistuar një shkëndije që e ka mbajtur të gjallë shpresën për paqe dhe bashkëjetesë, rinia.

Повеќе
  619 Кликови
  0 Коментари

Младите луѓе од Западен Балкан и нивната иднина

ALB

Ардита Вејсели

Западниот Балкан е познат како регион со турбулентна и историја вкрстена меѓу народите кои живееле во овие земји. Со векови, конфликтите и немирите биле секојдневни и го создавале односот љубов-омраза меѓу жителите на регионот. Сложената историја на овој мал „амбис“ на европскиот континент претставува своевиден парадокс и мистерија. Сепак, отсекогаш постоела искра што ја одржувала жива надежта за мир и соживот, а тоа биле младите.

Повеќе
  850 Кликови
  0 Коментари

Запишување на нови студенти: малку или многу?

МК   ALB

проф. д-р Ненад Новковски

nenad novkovskiТреба да се поттикнува уште поголемо вклучување на младите во процесот на високото образование, за да се обезбеди квалификациона структура на населението споредлива со земјите од ЕУ.

Повеќе
  737 Кликови
  1 Коментар

Каде исчезна воспитувањето од македонското образование?

МК   ALB

Елизабета Секирарска

sekirarska elizabeta 200x250Се` помалку успеваме да ги научиме нашите ученици. Се` помалку сме и во улога на воспитувачи. Демотивирани сме, маргинализирани и како база, се` помалку етаблирани во она што се креира како воспитно-образовна стварност. Сепак, да не заборавиме на децата.

Повеќе
  1912 Кликови
  0 Коментари

Ако сме и ние за биоетиката, нели сме за животот!?

МК   ALB

вон. проф. д-р Дејан Донев

dejan donev200x250На патот кон напредокот, човекот, користејќи ги научните достигнувања и применетата технологија, значајно го девастираше живото(т), а со тоа и неговата основа, природата. Димензиите на ова разурнување се толку големи што над човештвото се поставува прашањето за неговиот опстанок и живот на Земјата, воопшто.

Повеќе
Тагови:
  807 Кликови
  0 Коментари

Историски комисии како пристап во надминување на историографско-политички конфликти

МК   ALB

доц. д-р Петар Тодоров и доц. д-р Дарко Стојанов

Todorov StojanovЦелта на билатералните историски комисии е подавање рака за надминување на конфликтите кои произлегуваат од различните толкувања на минатото. Комисиите за првпат даваат можност во учебниците во Грција и Бугарија да пишува и за историјата на Македонците, а македонските научници да укажат и да влијаат кај нивните грчки и бугарски колеги да се отстранат сите толкувања кои потикнуваат создавање на големи држави на сметка на Република Македонија.

Повеќе
  1314 Кликови
  0 Коментари

Медиумски (не)писмен Балкан?

МК   SRB

проф. д-р Дубравка Валиќ Недељковиќ

Dubravka Valic Nedeljkovic200x250Неодговорните медиуми, критичкото неразбирање на нивните пораки, медиумски неписмените граѓани, заедно со контроверзната политичка сцена, ја доведуваат во прашање демократизацијата на пост-транзициските земји.

Повеќе
  707 Кликови
  0 Коментари

Тргање на превезот на мистерија од менструацијата

Кетрин Долан (Catherine Dolan), Џули Хенеган (Julie Hennegan) и Габи Едлин (Gabby Edlin)

dolan hennegan edlin 400x250Тешкотиите со кои се справуваме со менструацијата може да влијаат врз способноста на личноста да работи или да посетува училиште, да ја влоши анксиозноста кај жените и девојките и да ги зголеми стресот и стравот.

Повеќе
  2020 Кликови
  0 Коментари

Кариерното советување и вработеноста: преку личен развој до поголеми можности

м-р Сашка Тодоровска

Saska Todorovska 200x250Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. Други истражувања, пак, покажале дека перцепцијата на вработените за личен развој и професионален напредок не е на високо ниво.

Повеќе
  3562 Кликови
  1 Коментар

Положбата на универзитетите во време на вештачка интелигенција

Ендру Вахтел (Andrew Wachtel)

Andrew WachtelВо текот на следните 50-тина години, додека вештачката интелигенција станува помоќна и машините сè поуспешно учат, технологијата ќе ја надвладее човечката работна сила, со тоа што ќе понуди поуспешни резултати од луѓето за скоро сите работни функции. 

Повеќе
  666 Кликови
  0 Коментари

Моментот на вистината за универзалното образование

Гордон Браун (Gordon Brown)

Gordon Brown 200x250„Не сакам да умрам“, моли едно преплашено девојче од една од воените зони, „сакам само да учам“. Сепак, во нејзиното писмо до пријателче од Обединетото Кралство, таа храбро додава: „Уште сум жива, а живи се и моите сништа“. Нејзиното бегство, нејзините надежи и нејзиното срце, сите се поврзани со образованието.

Повеќе
  1693 Кликови
  0 Коментари

Премостување на родовиот јаз во образованието

Џулија Џилард (Julia Gillard)

Julia GillardЖените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. И покрај тоа што повеќе жени се запишуваат на универзитети од мажи во 97 земји, жените претставуваат мнозинство на обучени работници во само 68 земји, а тие се мнозинство во лидерските структури во само четири земји.

Повеќе
  1575 Кликови
  0 Коментари

Десет препораки за спречување на корупцијата во високото образование во Македонија

м-р Александра Живковиќ

aleksandra zivkovic 200x250Истражувњата покажуваат дека студентите на државните универзитети веруваат дека корупцијата е честа појава на нивните универзитети. Студентите биле принудени да купат учебник или им биле побарани пари за да може да положат, биле сведоци кога студент користи познанства со професор за повисока оценка, но и самите учествувале во плагијаризам. Борбата против корупцијата треба да опфаќа мерки со кои ќе се влијае на повеќе нивоа и ќе се опфатат што повеќе засегнати страни.

Повеќе
  3376 Кликови
  0 Коментари

Кои реформи му се неопходни на образованието во наредниот период?

проф. д-р Ненад Новковски

nenad novkovskiВо образованието едновремено беа правени промени во неколку циклуси што се поврзани, пред да се сочека да бидат завршени промените во претходниот циклус на кои би требало да се надоврзе следниот. Како резултат на тоа, образовниот систем наместо да биде еден од најстабилните потсистеми на општеството, стана генератор на големи нестабилности во други општествени сфери.

Повеќе
  3505 Кликови
  0 Коментари

„Кембриџ“ треба да се прилагоди на возраста на учениците

М-р Ирена Христовска

irena hristovska 200x250Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок. Можеби е кус периодот од воведувањето на најкрупната реформа во образованието, адаптираните програми според Кембриџ. Сепак, досегашното искуство покажува дека тие треба да се реорганизираат.

Повеќе
  7511 Кликови
  3 Коментари

И по изборите СПУКМ има нелегитимен претседател!

Александра Филипова

aleksandra filipova200x250Уписите на Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ повторно ја актуелизираат темата за изборите за претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот (СПУКМ), кој ќе треба да носи одлуки и во име на идните студенти. Спротивно на тврдењето на Изборната комисија, интерните правни акти на СПУКМ укажуваат на нелегални и нелегитимни избори од кои не може да биде избран претседател со полн легитимитет од повеќе причини.

Повеќе
  3193 Кликови
  0 Коментари

Наставниците не се подготвени за заштитата на личните податоци во дигитализираното образование

м-р Лилјана Пецова-Илиеска

liljana pecova ilieskaПотребни се измени и дополнувања на образовните содржини за прашањата поврзани со заштитата на личните податоци и правото на приватноста на Интернет. Но претходно треба да се развијат програми за континуирана едукација на наставниците во средните и основните училишта, за да можат ефективно да ги употребуваат дигиталните технологии во образованието.

 

Повеќе
  4489 Кликови
  0 Коментари

Интеграција со сегрегација во македонското образование

м-р Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Врвот на уништувањето на образовниот систем во Македонија се достигна со масовната и политички поттикнатата сегрегација која се врши по етничка основа. На почетокот на 1990-тите, имаше основни и средни училишта во кои учеа деца од различни етнички групи, иако разделени по смени, како во средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје и во основното училиште „Братство Миѓени“ во Тетово. Денес, училиштата се физички раздвоени и во нив учениците освен со припадници од својот етникум, не се сретнуваат ниту се дружат со деца од други етнички заедници.

Повеќе
  3464 Кликови
  1 Коментар

Македонските учебници го дерогираат образовниот систем

Елизабета Секирарска

sekirarska elizabetaСостојбите со македонското учебникарство и учебниците кои се користат во наставата станаа навистина драматични последниве години. Концепцијата на учебниците и вредностите кои им ги нудат на учениците сериозно го доведуваат во прашање нивниот квалитет. Сведоци сме на неквалитетни учебници, полни со погрешни факти, со неточни информации и со искривени вредности кои идеолошки индоктринираат цели генерации.

Повеќе
  8283 Кликови
  2 Коментари

Потребен ли е нов универзитет?

Александра Филипова

aleksandra filipovaПред да се одобри основање на уште еден универзитет, избрзано, по скратена постапка и без никаква анализа, треба да се разгледаат реалните потреби во високото образование, капацитетите на постоечките универзитети и законските алтернативи и решенија.

Повеќе
  7961 Кликови
  0 Коментари
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не