Прикажување на опасностите за новинарите пред јавноста

Лион Вилемс (Leon Willems)

Leon Willems 200x250Секој петти ден, во просек, некаде во светот, гине новинар само затоа што е новинар. Во девет случаи од десет, за тоа никој не е обвинет, со што се создава атмосфера на неказнивост која оди подалеку од закани по живот или насилство. Затворските казни изречени за новинари бележат досега невиден пораст, а претставниците на медиумите постојано се мета на малтретирање и заплашување додека се на задача. Денес, новинарството е една од најопасните професии во светот.

Повеќе
415 Кликови
0 Коментари
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: