доц. д-р Елена Игновска
Доколку го следиме правното резонирање на судските одлуки на Европскиот суд за човекови права, ќе заклучиме дека и Македонија има обврска да обезбеди еднакви услови за остварување и заштита на правото на приватен и семеен живот за сите - ако форматот брак е неприфатлив во актуелниот момент, мора да постои друг формат: вонбрачна заедница, граѓанско/регистрирано партнерство итн.