fbpx
 

Без Договорот со Грција, Македонија и натаму ќе остане без државно име на меѓународен план

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Уставното име е неодбранливо, иако е признато од 137 држави во светот. Во негова одбрана застана само Арбитражната (Бадeнтерова) комисија на Европската заедница во јануари 1992 година. Драмата на спорот околу името произлегува од зборот ,,Македонија“ и од неговото различно поимање од страна на Република Македонија и Република Грција. Ако Договорот со Грција не помине на референдумот на 30 септември, акронимот ,,фиРОМ“ останува во трајна употреба во Обединетите Нации, а Република Македонија ќе се лиши од можност да стане членка на Европската Унија.

Повеќе
  987 Кликови
  0 Коментари

Економски придобивки и предизвици од членство во НАТО

м-р Ивана Велковска

Ivana Velkovska 200x250При евентуалниот влез во НАТО, Македонија ќе треба постепено да ги зголемува буџетските расходи за одбрана, но според примерот на другите земји има и очекувања за раст на странските директни инвестиции (СДИ) поради зголемена политичка стабилност. Меѓутоа, треба да се напомене дека влезот во Алијансата сам по себе не претставува гаранција за зголемен прилив на СДИ односно помеѓу двете појави постои само корелација, а не и каузалност.

Повеќе
  637 Кликови
  0 Коментари

Оковите од долгови се враќаат

Мајкл Хајзе (Michael Heise)

Michael Heise 200x250Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици. И покрај тоа што има период кога владите мора да се задолжуваат за да ја стимулираат економијата, дефицитарното трошење не може да предизвика долгорочен раст.

Повеќе
  245 Кликови
  0 Коментари

Референдумското прашање е спротивно на европските стандарди утврдени од Венецијанската комисија

доц. д-р Димитар Апасиев

dimitar apasiev200x250Собраниската Одлука за распишување на референдумот за планираната и наметната промена на уставното име на Република Македонија не е во склад со конституционалниот концепт на народен, т.е. граѓански суверенитет и дозволува неприфатливо мешање во иманентно внатрешните работи на Републиката, оти во јавното право нема повнатрешно прашање од прашањето за уставот на една суверена држава.

Повеќе
  5894 Кликови
  0 Коментари

Пред секоја болница по еден тенк

д-р Здравко Савевски

zdravko saveski1Настрана од прашањето околу името, зачленувањето во НАТО ќе има реперкусии по нашиот животен стандард, реперкусии кои не смееме да ги занемариме, реперкусии поради кои ниту под уставното име не треба да прифатиме зачленување во НАТО.

Повеќе
  8441 Кликови
  0 Коментари

Четири мита во Илинденскиот говор на Иванов и во кампањата за бојкот на референдумот

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogКако во медиумите, така и на социјалните мрежи, Илинденскиот говор на Иванов привлече далеку повеќе внимание од говорот на премиерот Заев. Но тој што зборува погласно, не секогаш кажува повеќе.

Повеќе
  7961 Кликови
  0 Коментари

Фокус кон „внатре“ - барање од ЕУ и/или насушна потреба на Република Македонија?

проф. д-р Силвана Мојсовска 

silvana mojsovskaОдговорноста треба да биде фундаментот врз основа на кој ќе биде поставен процесот на внатрешни реформи во Република Македонија и тука не смее да има отстапувања, независно во која политичко-економска констелација ќе се проектира државата.

Повеќе
Тагови:
  4009 Кликови
  0 Коментари

Како да се спасуваат жени и новороденчиња при породување

Кетрин Семрау (K. Semrau) и Атул Гаванде (A. Gawande)

Semrau GawandeЗа да се намали смртоноста кај родилки и новороденчиња, јасно е дека треба да се подобрат и зајакнат капацитетите и квалитетот на грижата кaј примарните здравствени установи надлежни за породување. Само, како да се направи тоа?

Повеќе
  3078 Кликови
  0 Коментари

Зошто токму сега ЕУ ги решава споровите на Балканот?

Европската Унија инсистира да ги реши балканските спорови токму сега заради економското влијание во Западниот Балкан на држави кои претендираат да станат регионални или светски играчи, контролата над протокот на мигрантите и претпазливоста од увоз на нови конфликти. Оттука, дали во Македонија се создава фама на фаталност за забрзано спроведување на Договорот со Грција или ЕУ ни е неопходна бидејќи политичките елити немаат капацитет сами да ги спроведат реформите?

Повеќе
  129 Кликови
  0 Коментари

Светските економски трендови и Македонија

проф. д-р Никола Поповски 

nikola popovski 200x250Како мала земја со мало население и економија ние не смееме да дозволиме да останеме сами и сами да се справуваме со сите проблеми што се надвиснуваат над нас и над светот. Тоа го наметнува прашањето за наше интегрирање во оние организации каде што сметаме дека ќе бидеме економски, безбедносно и политички позаштитени отколку да сме сами.

Повеќе
  4419 Кликови
  1 Коментар

Одлуката на референдумот е налог за пратениците и претседателот Иванов

проф. д-р Светомир Шкариќ 

svetomir skarik 200x250Во фокусот на референдумското прашање треба да биде Договорот, така како што е насловен, со полно име. Референдумското прашање треба да гласи: „Дали сте за Договор за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанок на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратегиско партнерство меѓу страните?“ „ЗА“ или „ПРОТИВ“.

Повеќе
  9017 Кликови
  7 Коментари

Децата заложници на Трамп

Елизабет Дру (Elizabeth Drew)

Elizabeth Drew 200x250Администрацијата не испланирала како да ги соедини веќе разделените родители и деца, кои биле испратени во засолништа и во згрижувачки семејства низ цела Америка, а тоа често се случувало сред ноќ. Некои од родителите се депортирани додека децата им останале во притвор и затоа е можно дел од овие семејства никогаш повеќе да не се соединат.

Повеќе
  1266 Кликови
  0 Коментари

Договорот за името, ЕУ, НАТО и руското влијание

Мартин Наунов

Naunov Martin 200x250„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што ,,цело време се меша таму кај што не му е местото“. Настојувањата на Русија да предизвика конфузија и разочараност од Западот со поттикнување на ултранационалистички и нативистички чувства веројатно ќе се зголемат како што ќе се приближуваме до референдумот за името“.

Повеќе
  5191 Кликови
  2 Коментари

Прво промена на Уставот, а потоа референдум за членство во НАТО!

Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот. Оттука владиното и парламентарното мнозинство треба да се концентрираат на најважната цел. Обезбедување мнозинство за промена на Уставот, негова промена заедно со импичмент на претседателот Иванов и дури тогаш референдум кој е задолжителен при влегување во сојуз со други држави и за проверка на исправноста на одлуките.

Повеќе
  8687 Кликови
  1 Коментар

Спортот како можност за превенција на криминалното поведение и малолетничката деликвенција

проф. д-р Иван Анастасовски

Ivan Anastasovski 200x250Спортските организации својата активност премногу ја имаат насочено кон дејноста спорт како игра, тренирање или бизнис, а не кон спортот како социјална потреба во функција на подобрување на општествените состојби.

Повеќе
  2429 Кликови
  0 Коментари

PAX MACEDONIA

проф. д-р Минас Бакалчев

minas bakalcev 200x250За да ја разберете културата која ја создала малата скромна црква „Св. Ѓорги“ во Курбиново, секако ќе треба барем да се запознаете со „маалските“ цркви во Касторија (Костур). Така, овој мал, но значаен европски регион треба да ги надмине границите и поделбата на политичката географија за да се доживее, за да се разбере.

Повеќе
  3487 Кликови
  0 Коментари

Задолжителноста на адвокатскиот печат и потпис и правото на пристап до суд

м-р Иван Колевски

Ivan Kolevski200x250Дали задолжителноста на адвокатски печат и потпис ќе има влијание на правото на граѓаните за пристап до суд? Како судовите треба да постапат во ситуација кога е поднесен приговор или жалба кои не содржат адвокатски печат и потпис - да ги отфрлат како нецелосни или да ги сметаат како поднесоци доставени од странка која е неука?

Повеќе
  3996 Кликови
  0 Коментари

Збогум Македонијо

Чарлс Гарет, поранешен амбасадор на Велика Британија во Македонија

charles garrett2Јас заминувам. Вашата земја ја напуштам со чувство на длабока почит за тоа што го постигнавте со надминување на политичката криза, со возбуда за можностите кои се отвораат, но и со извесна доза на страв поради кревкоста на сето тоа.

Повеќе
  3197 Кликови
  0 Коментари

Апел до Иванов да се откаже од неуставното џебно вето

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Указите за прогласување на законите што се повторно изгласани во Собранието треба да ги потпишеш. Тоа ти го налага Уставот, многу јасно. Станува збор за императивна норма која мораш да ја почитуваш така како што е напишана, независно од твоите „благородни цели“.

Повеќе
  13973 Кликови
  1 Коментар

Името, моралот и Шредингеровата мачка на Мицкоски

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogПрвата работоспособна генерација во Македонија по осамостојувањето, која во целост ја сноси вината за тридецениското одолговлекување на спорот за името, сега има историска шанса да си ја исправи грешката. Оваа генерација има морална обврска да ни пружи можност самите да си создадеме понормален свет од оној кој тие ни го оставија.

Повеќе
  6262 Кликови
  1 Коментар
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не