м-р Благица Петрески
Политичката криза трае веќе една година. Проекциите за економскиот раст за минатата година беа надолно ревидирани од сите релевантни институции (ММФ; Светска Банка, НБРМ). За изненадување, годината ја завршивме со раст повисок од ревидираните проекции. И помисливме дека домашните бизнисмени се пожилави од тоа што сме процениле, а кризата ги зајакнала. Сепак, повисокиот раст се должеше на зголемената државна интервенција, а бизнис секторот ги почувствува негативните последици.