Академскиот блог ResPublica ги поканува сите професори, аналитичари, истражувачи, новинари, граѓански активисти, стручњаци од различни професии, јавни службеници и студенти да пишуваат текстови на теми за кои тие имаат експертиза и искуство. Целта на ResPublica е преку објавите да ги информира и едуцира граѓаните за актуелните проблеми и комплексните прашања во општеството и да понуди одржливи решенија кое се содржани во регулативи, истражувања и академски статии.

Добредојдени сте да се приклучите кон соработниците на ResPublica со тоа што ќе ни предложите тема или ќе ни испратите текст на info@iks.edu.mk.

ResPublica е посветен на највисоките стандарди на интегритет и професионално однесување. Авторитe на блогот имаат должност да осигураат дека нивната работа ќе го одржи доброто име на ResPublica, како и на академската и професионалната заедница. Оттука, Уредувачкиот одбор на ResPublica посветува особено внимание и носи поединечни одлуки во врска со следните ситуации:

  • За написи кои потенцијално содржат клевета или нарушување на угледот и се непристојни, навредливи или нелегални;
  • Кога има сомнение за плагијат или злоупотреба на туѓ труд, односно материјалот треба да биде оригинална работа на авторот;
  • Ако има загриженост за можни спротивставени интереси поврзани со авторот, при што авторот се обидува прекумерно да влијае врз публиката наметнувајќи го индивидуалниот интерес којшто очигледно се разликува од неговите/нејзините професионални обврски;
  • За написи кои не се доволно засновани на факти и докази;
  • За секакви други написи кои може да имаат последици врз угледот на авторот или на Институтот за комуникациски студии.
Процес на уредување

Уредувачкиот одбор ќе го разгледа Вашиот текст што е можно поскоро и, ако е потребно, ќе Ви даде сугестии за негово подобрување во делот на аргументирањето, стилот, структурата или референцирањето. Уредувачките сугесии може да се однесуваат на:

  • Скратување на текстот ако е подолг од 1.300 зборови;
  • Корекции во наративниот стил, структурата и референцирањето на текстот;
  • Фокусирање на главниот аргумент, потенцирајќи го ставот на авторот, неговите докази и наоди за темата, како и позадинските релевантни информации.

Врз основа на уредувачките сугестии, наша препорака е Вие како автор/ка да направите конечно уредување на текстот заради поголема читаност од поширока публика. Текстот нема да биде објавен ако има случаи кои не може да се решат во процесот на уредување во соработка со авторот/ката и ако авторот/ката го објави текстот пред тој да биде објавен на ResPublica.

Ако имате прашања за нашата уредувачка политика, забележите дека Вашиот или друг текст е погрешно објавен на друга веб-страница или сметате дека одреден текст содржи значајни грешки, Ве молиме известете не на info@iks.edu.mk.

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не