Privatnost i javniot interes 001

Ве покануваме на дебата на која ќе биде презентиран документот за јавна политика „Приватност, информирање, и јавниот интерес: Правото на приватност наспроти правото на јавноста да знае“. Дебатата ќе се одржи на 24-ти март (четврток) во хотел „Холидеј Ин“ (сала Милениум 2), со почеток во 10:00 часот.

Целта на овој документ е анализа на балансот помеѓу правото на приватност и правото на информирање на јавноста. Документот се осврнува на европските стандарди и правни акти од областа на приватност како и на националните закони кои навлегуваат во сферата на заштита на приватноста и комуникациите. Анализата се осврнува и на примери од праксата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) кои јасно укажуваат на односот помеѓу приватноста и јавниот интерес како и на поставеноста на правото на приватност наспроти правото на информирање на јавноста и јавниот интерес, а се осврнува и на примери од праксата на медиумското известување во Република Македонија од овој аспект. Агендата за дебатата можете да ја преземете на овој линк.

Дебатата ќе можете да ја следите во живо на следните веб-страници: 24vesti.mk, kanal77.com.mk, novamakedonija.com.mk, novatv.mk, mkd.mk, и faktor.mk.

Ве молиме Вашето присуство на дебатата да го потврдите најдоцна до 23-ти март (среда), 12:00 часот на тел. 0230 90 004 или на е-маил: lsaban@vs.edu.mk. Лице за контакт: Лејла Шабан.

Документот за јавна политика и дебатата се реализираат во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“, имплементиран од Институтот за комуникациски студии, а поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: