fbpx

Вебинар за академско блогирање

ВЕСТИ - ИНФО

22.09.15

Прегледи

webinar

Институтот за комуникациски студии организира вебинар за академско блогирање ResPublica што ќе се одржи на 18 и на 25 септември од 15 до 18 часот. Вебинарот е наменет за експерти, граѓански активисти, новинари, колумнисти, студенти и професори кои сакаат да се усовршат во пишување на академски блогови.

Вебинарот ќе обезбеди совети за што да блогираш, каква е публиката и што сакаш да постигнеш кај неа, како и за тоа кои се бенефициите за тебе како професионалец. Исто така ќе понуди алатки и техники за тоа како се пишува добар академски блог пост, кои се разликите со други типови на пишување, базичните структури и стилови и користењето на докази, податоци и извори при академското блогирање.

Учесниците потоа ќе бидат поканети да напишат блогпост за академскиот блог www.respublica.edu.mk за тема од нивната област на експертиза, а која ќе биде поврзана со актуелните случувања во Македонија и почитувањето на јавниот интерес. Целта е да се креира професионална мрежа која ќе ги анализира прашањата од јавен интерес и преку академско блогирање да се достигне поширока публика и да се запознае јавноста со проблемите кои се од јавен интерес.

Обучувач на вебинарот е д-р Сали Браутон Мицова, професор на Универзитетот на Источна Англија (Лондон) и долгогодишен координатор на академскиот блог на Лондонската школа за економија.

Вебинарот е бесплатен и се реализира во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија и да се пријават на најдоцна до 10 септември.