fbpx

Објавен е документот за јавни политики „Зајакнување на професионалните стандарди или ерозија на слободниот говор: регулација на онлајн медиумите во Македонија“

ВЕСТИ - ИНФО

30.10.17

Прегледи

Regulacija na onlajn mediumi vestiИнститутот за комуникациски студии (ИКС) го објави документот за јавни политики „Зајакнување на професионалните стандарди или ерозија на слободниот говор: регулација на онлајн медиумите во Македонија“, чија цел е да ги анализира регулаторните аспекти на онлајн медиумската сфера во Македонија и во регионот. Документот се осврнува кон поимот и различните гледишта за онлајн медиумите, потоа ја анализира европската регулатива од областа, но и домашното законодавство.

Документот исто така ги анализира аргументите ЗА и ПРОТИВ регулација на онлајн медиумите, и соодветно на тоа нуди препораки за подобрување на областа, применливи за различни чинители во македонското општество.

Некои од главните препораки од извештајот се:

  • Слободата на изразување во Интернет просторот треба да биде ограничена до ниво кое го дозволуваат основните меѓународни акти. Со оглед на дисперзираната правна регулација на онлајн медиумите во други закони (пример: Кривичен законик, Закон за електронска трговија, ) кои во овој случај се појавуваат како lex specialis во однос на слободата на изра- зувањето и медиумите, засегнатите страни (советите за печат, професионалните здруженија на новинарите, новинарските синдикати, невладините организации), треба да водат стручен мониторинг и да бидат сензитивни на секоја законска измена што не е во согласност со меѓународните акти кои го фиксираат правото на слобода на изразување во делот на структурирање на медиумските системи;
  • Регулаторниот модел за онлајн/дигиталните медиуми треба да биде саморегулацијата. Една од главните предности на саморегулацијата е знаењето на оние кои се истовремено и практичари и регулатори, поради што таа е најефективна. Со цел анулирање на слабостите на саморегулацијата (предизвикувањето на правна несигурност, фрагментацијата на националниот и меѓународниот систем на заштита на авторските права и др), новинарите, интернет активистите, правните експерти во Република Македонија треба да ги следат европските регулатори и тоа пред се во областа на: реформите во областа на авторските права и Заштита на личните податоци.
  • Кодексите на новинари треба да бидат општи, односно да важат за новинарите во сите видови медиуми. Кодексите треба да се осовременат во согласност со новите форми на новинарство (мобил- но новинарство, граѓанско новинарство, јавно новинарство) и да нудат упатства и со цел успешна и правилна примена на професионалните стандарди во онлајн опкружувањето.
  • Медиумската реформа во Република Македонија треба да понуди јасно законско дефинирање на концептот на јавно информирање, а имајќи ги предвид прво, дигиталната реалност и второ, Директивата на Европската унија за аудио-визуелни медиумски сервиси 2010/13/EU. Во законот треба да се прецизира што се ќе претставува јавно гласило или медиум односно над што ќе се спроведува Законот и што се на Интернет нема да се смета за медиум. Каква било државна интервенција во смисла на контрола, надзор и санкции од Министерствата може да доведе до непропорционално ограничување на слободата на говор на Интернет.

Документот и резиме за јавни политики „ Зајакнување на професионалните стандарди или ерозија на слободниот говор: регулација на онлајн медиумите во Македонија?“ се реализира во рамките на проектот „Зголемување на моќта на граѓанските организации во Македонија за изразување на јавниот интерес“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Документот може да се преземе на следниов линк.