govor na omraza vest introИнститутот за комуникациски студии (ИКС) го објави документот за јавни политики „Слободата на изразување наспроти говорот на омраза во медиумите во Македонија“, чија цел е да ја анализира состојбата со говорот на омраза во традиционалните и онлајн медиуми во Македонија и во регионот. Документот ја анализира европската и македонската регулатива од областа, а се осврнува и на случаи од практиката во Македонија каде што може да се идентификува говор на омраза.

Некои од главните препораки наведени во документот се:

  • Воведување на централизиран, функционален административен механизам за граѓанско пријавување на сомнеж за говор на омраза, што би им ја олеснило работата на надлежните институции за понатамошна постапка во евентуалниот третман на пријавените сомневања од оваа област;
  • Спроведување на дополнителни обуки на функционери во надлежните институции на државата (Јавно обвинителство, Комисија за спречување дискриминација и сл.) за нивна дополнителна специјализација во областа на гонењето на офлајн и онлајн говорот на омраза;
  • Воведување на конкретни образовни содржини во основно и средно образование кои ќе се однесуваат на комуникацијата на интернет и низ социјалните мрежи („дигитално граѓанство“), со посебен осврт врз феноменот на слободата на говорот и нејзиниот антипод – ширењето говор на омраза;
  • Јасно политичко и јавно охрабрување и зголемување на овластувањата на надлежните државни институции и органи задолжени за детектирање, превенирање и гонење на овој вид на криминогени однесувања;
  • Воведување на одредена форма (владина или невладина) на национален регистер на лица и оранизации кои шират говор на омраза низ онлајн медиумите, базиран врз одредена правна рамка, слично на постоечките регистри на индивидуи и организации кои го нарушуваат законски одреденото и општествено прифатеното однесување;
  • Прецизирање на условите за давање услуги од страна на домашните интернет провајдери, агрегатори на вести и пребарувачи на содржини („интернет посредници“) кои на своите клиенти јасно ќе им наведат дека ширењето на говор на омраза и дискриминацијата се неприфатливо онлајн однесување кое подлежи на законски последици и нарушување на прифатените услови за користење на нивните услуги.
  • Поттикнување и поддршка на натамошни научни и активистички истражувања за феноменот на онлајн говорот на омраза;

Документот за јавни политики „Слободата на изразување наспроти говорот на омраза во медиумите во Македонија“ се реализира во рамките на проектот „Зголемување на моќта на граѓанските организации во Македонија за изразување на јавниот интерес“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Документот може да се преземе на следниов линк.

Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: