fbpx

Воведна конференција „Деконструирање на концептот на јавен интерес: (зло)употреба во име на граѓаните“

ВЕСТИ - ИНФО

28.09.15

Прегледи

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го имплементира проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“. Проектот има цел да ја подигне свеста на граѓаните и да ги инволвира медиумските професионалци и граѓанските организации во процесот на штитење на јавниот интерес.

По повод официјалното започнување на проектот, и презентација на појдовниот извештај „Деконструирање на концептот на јавен интерес: (зло)употреба во име на граѓаните“, ИКС Ве поканува на конференција која ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин во Скопје, на 30-ти септември (среда) со почеток во 10:00 часот.

Целта на појдовниот извештај е да овозможи сеопфатен преглед на тоа што претставува јавен интерес, како овој термин е употребуван во различни правни и етички контексти, да ги утврди клучните чинители кои го штитат јавниот интерес во едно општество и идентификува најдобрите практики во областа. Покрај тоа, извештајот има цел да поттикне широка дебата помеѓу медиумите, НВО, јавната администрација, и пошироката јавност, за нивната одговорност во штитењето на јавниот интерес. Извештајот може да се преземе на следниов линк – Деконструирање на концептот на јавен интерес во Република Македонија: (зло)употреба во име на граѓаните.

Ве молиме Вашето присуство на конференцијата да го потврдите најдоцна до 28-ми септември (понеделник), 12:00 часот на тел. 0230 90 004 или на е-маил:  Контакт лице: Лејла Шабан.

 





 

Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје