fbpx

Воведна конференција за деконструирање на јавниот интерес

ВЕСТИ - ИНФО

07.10.15

Прегледи

konferencija

Околу 80 претставници на медиумите, невладините организации, академскиот сектор и јавната администрација учествуваа на конференцијата „Деконструирање на концептот на јавен интерес во Република Македонија: (зло)употреба во име на граѓаните“.

На конференцијата беше промовиран појдовниот извештај „Деконструирање на концептот на јавен интерес во Република Македонија: (зло)употреба во име на граѓаните“. Целта на појдовниот извештај е да овозможи сеопфатен преглед на тоа што претставува јавен интерес, како овој термин е употребуван во различни правни и етички контексти, да ги утврди клучните чинители кои го штитат јавниот интерес во едно општество и идентификува најдобрите практики во областа. Врз основа на извештајот, правници, економисти, новинари, аналитичари, професори и претставници на граѓанското општество дискутираа за различните гледишта за тоа што претставува и опфаќа јавниот интерес, зошто медиумите и граѓанското општество се важни за јавниот интерес и дали македонските медиуми успешно ја остваруваат својата улога на чувари на јавниот интерес.

Галерија
 
Медиумски објави

 

Видеа
Забелешка: (Конференцијата почнува од 39мин.)