fbpx

Дебата за судовите и јавниот интерес

ВЕСТИ - ИНФО

10.12.15

Прегледи

Sudovi i Javen interes 001

Ве покануваме на дебатата на која ќе биде презентиран документот за јавна политика „Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“. Дебатата ќе се одржи на 18-ти декември (петок) во хотел „Холидеј Ин“ (сала Милениум 2), со почеток во 10:00 часот.

Документот нуди систематско разбирање и споредбена анализа на начинот на кој судовите го штитат јавниот интерес во Република Македонија и во Европската унија. Тој ги анализира случаите во кои треба да претежне јавниот интерес наспроти индивидуалните права и како македонските судови го применуваат т.н. тест на штетност кога одлучуваат во случаи од јавен интерес.

Агендата за дебатата можете да ја преземете на овој линк.

Дебатата ќе можете да ја следите во живо на следните веб-страници: 24vesti.mk, kanal77.com.mk, novamakedonija.com.mk, novatv.mk, mkd.mk, faktor.mk и koha.mk.

Ве молиме Вашето присуство на дебатата да го потврдите најдоцна до 16-ти декември (среда), 12:00 часот на тел. 0230 90 004 или на е-маил: Лице за контакт: Лејла Шабан.

Документот за јавна политика и дебатата се реализираат во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“, имплементиран од Институтот за комуникациски студии, а поддржан од Британската амбасада во Скопје.